Македонија
УЈП со повик до работодавачите да ја исплатат бруто платата за февруари и март
Управата за јавни приходи ги повика даночните обврзници – работодавачи кои не ги платиле доспеаните обврски по МПИН пресметките за февруари и март 2021 година, долгот да го платат пред започнување на активностите на УЈП за присилна наплата.
„Управата за јавни приходи им овозможи на работодавачите да го остварат правото на финансиска поддршка заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Според службената евиденција на Управата, сите работодавачи немаат извршено уплата по МПИН пресметките за овие месеци, со што не се уплатени долгуваните износи на социјални придонеси и данок и не е исплатена платата на вработените лица. После овој повик, Управата за јавни приходи ќе започне со доставување на опомените до должниците и решенија за присилна наплата до носителите на платен промет, со цел наплата на неплатените МПИН.“, соопшти УЈП.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот