Поврзи се со нас

Вести

Д-р Кунгуловски за делта сојот, ширењето, ризиците и вакцините

Објавено

на

Делта сојот на SARS-CoV-2 веќе доведува до нови бранови во Европа. Во Македонија, врвот најверојатно ќе го достигне на средина на септември, проценува д-р Горан Кунгуловски, шеф на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во клиниката „Жан Митрев“.

Во статус на фејсбук денеска докторот пренесува информации и ставови околу делта сојот на ковид и вакцинацијата, кои ги објавуваме во продолжение.

Делта сојот е позаразен:

-Потребно е пократко време од контакт до PCR позитивен резултат при инфекција со делта сојот. Ако со изворниот сој просекот бил 5.7 денови, со делта сојот е 3.7 денови. И тоа со делта, околу 12.5% стануваат позитивни после 2 дена, 27% после 3 дена, 20% после 4 дена, 24% после 5 дена и останатите после 6 или 7 денови.

-Кај заразени со делта сој се детектира просечно околу 1000 пати повисока концентрација на вирус отколку со изворниот сој.

Што ова значи за периодов?

-Бидејќи времето од контакт со PCR позитивитет е намалено и бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, ќе треба АГРЕСИВНО следење на контакти и изолација на заразените и нивните контакти. Исто така одговорност и на населението коешто нема решенија, ама има сознанија за контакт со позитивен или за појава на симптоми.

-Бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови. Значи 70-80% од PCR позитивните би се детектирале и на рапид антигенски. Ова ќе овозможи побрзо тестирање и скрининг на населението.

Што значи ова за вакцините?

-Вакцините се‘ уште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за зараза е 10-20 пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Значи луѓето се уште може да се заразат, посебно тие што се во постојан контакт со заразен, ама веројатноста е драматично намалена. Вакцинираните покрај тоа што имаат помала веројатност да се заразат, доколку се заразат имаат помала шанса да заразат некој друг.

-Вакцините се‘ уште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за сериозни симптоми и смртен исход е десетици можеби и стотици пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Пример ако кај невакцинирано население би имало 20 смртни исходи, кај вакцинирано би имало 1.

-Неопходно е приоритетно вакцинирање на постарото население и населението со коморбидитите. Така ќе се намали бројката на сериозно болни и бројката на смртни исходи. Со понатамошна вакцинација и евентуално трета доза, ќе може да се намали и ланецот на трансмисија. Така ќе се сузбие пандемијата.

фото:фејсбук/Горан Кунгуловски

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена