Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Временскиот распоред на оброците е важен за здравјето

Објавено

на

Иако има голем број препораки и мислења за тоа – во кое време, што треба да се јаде, сепак не постои универзално правило за секого. Како и да е, препораките како завршување со оброците порано и ограничување на времето за оброк може да послужат како совет за кого било.

Прехранбената индустрија и различните диети можат да Ве натераат да верувате дека постои точно време од денот коешто е „најдобро“ или „најздраво“ за одредено јадење. Но, за повеќето од нас, времето од денот кога јадеме зависи од бројни други фактори, како што се работата, гладот, лековите што ги земаме, па дури и слободното време со нашето семејство, пријателите и соработниците.

Да се ​​придржувате до одредено време за оброк секој ден, е предизвик, а понекогаш едноставно, тоа и не е можно. Сепак, ова не значи дека времето на оброк не е важно. Всушност, истражувањата покажуваат дека времето од денот кога јадеме и времето меѓу оброците може да има длабоки последици за нашето здравје.

Одржувањето приближно конзистентен распоред на оброци на дневно ниво е поврзано со губењето телесна тежина, зголемена енергија и намалена опасност за хронични заболувања. Сепак, јадењето секој ден во истовреме можеби не е секогаш изводливо, па затоа е најдобро да не се применува монотон пристап кон оброците. Следат неколку упатства за распоред на оброците.

Појадок

Ова е првиот оброк во денот. За некои, важно е да појадуваат во првите неколку часа од станувањето, додека други претпочитаат да појадуваат кога нивниот апетит. И тоа, и тоа има свои предности.

Неколку истражувања покажаа дека прескокнувањето појадок може да влијае на квалитетот на исхрана, поточно, да доведе до внесување повеќе калории при ручекот и општо – помалку хранливи оброци – преку цел ден. Покрај тоа, консумирањето повеќе калории за време на појадокот отколку подоцна во вечерните часови, може да има поголема корист во напорите за слабеење.

Ручек

Испитувањата покажуваат дека ручек порано дента може да им помогне на луѓето да изгубат тежина – иако е важно тоа што индивидуалните генетски фактори, исто така, играат голема улога. Некои неодамнешни истражувања дури посочуваат дека раниот ручек може да придонесе и за поздрав микробиом – составот бактерии во човечкото црево и тело кои имаат благотворно влијание врз целокупното здравје.

Општо земено, одржувањето на поголемиот дел од вносот на калории во раните часови од денот со јадењето појадок и ручек порано, може да има придобивки за губење на тежината и посилно метаболичко здравје.

Вечера

И јадењето рано навечер, без калорични оброци непосредно пред спиење или во текот на ноќта, исто така – може да го подобри Вашето здравје. Мелатонинот којшто се лачи ноќе, е еден од основните хормонални регулатори на спиењето, будењето, а со тоа и на метаболизмот.

Како што телото ослободува мелатонин, така се лачи и помалку инсулин, што ја инхибира неговата способност да ги преработува шеќерите како гликоза. Затоа, доцниот оброк е фактор на опасност од хронични заболувања.

Според стручњаците, кога се планираат оброците, треба да се имаат на ум три основни правила:

Јадете порано, кога тоа е можно.

Ограничете го Вашето дневно време за внесување оброк. – Одржувањето на целиот дневен внос на калории во рамка од 12 часа ја намалува опасноста – дигестијата да го наруши деноноќниот ритам на Вашето тело.

Утврдете време на јадење според будењето и спиењето. – Вашето тело може да не ги обработува оброците толку ефикасно доцна навечер или многу рано наутро.

Сепак, треба да ги имате предвид и некои индивидуални фактори, како што се здравствени состојби, дневна рутина, обврски и тоа каква исхрана ви годи.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 3 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 4 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 5 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 7 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 7 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 9 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 10 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 10 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 12 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена