Гостивар
Таравари: Иницијативата „Гостивар кој го сакам“ јавно да каже дека е со ДУИ
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари денес изјави дека Граѓанската иницијатива што се активира под името „Гостивар кој го сакам“, треба јавно да каже дека одработува кампања за ДУИ и дека нивни членови ќе бидат на советничката листа на ДУИ. „Нека кажат јавно дека се дел од кампањата на ДУИ и дека ќе бидат ставени на листата за советници од таа партија на изборите. Се прашувам зошто не направат прес конференција пред болницата во Гостивар, за да ги искажат проблемите на пациентите кои таму се лекуваат, има проблеми со кислородот, лекови, хигиената е во катастрофална состојба. На таков начин ќе покаже иницијативата дека е граѓанска, а не партиска.“, рече Таравари.
Во однос на петицијата која Иницијативата ја покренува за кучињата скитници, градоначалникот рече дека Општина Гостивар има преземено повеќе мерки и направено многу повеќе од други општини во однос на тоа прашање. „Имаме направено многу за решавање на проблемот со кучињата скитници, отворвме два стационари. Тие велат дека стационарите во Гостивар не функционираат, но не е така, само во овој период се прави пауза заради препорака на надлежни институции кои даваат насока дека летниот период не се препорачува за третман на кучиња. Наскоро повторно ќе почнеме со третирање на кучињата“, рече градоначалникот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот