Поврзи се со нас

Спорт

Селдин од реканско Требиште – шампион на Италија во уметничко лизгање

Објавено

на

 

Дванаесетгодишниот Селдин Салиу, чие семејство потекнува од долнореканското село Требиште го освои првото место на престижниот Куп во уметничко лизгање, одржан неодамна во Торино, Италија. Малиот талент во уметничко лизгање ја доби шампионската титула во категоријата кадети, каде се натпреваруваше во силна конкуренција на најдобрите лизгачи од целата држава.

Ова е само еден од спортските успеси на Селдин, за кого лизгалиштето е втор дом, каде го поминува поголемиот дел од своето слободно време. Тој започнал да се занимава со уметничко лизгање кога имал пет години. До сега има освоено многу награди на професионални натпревари во Италија. На неговите полици се наоѓаат шеесетина пехари и медали. Првиот пехар го освоил во 2012-та година, кога имал седум години. Член е на клубот Ангели на мразот, а негов тренер по уметничко лизгање е Илариа Давере, некогашен национален шампион на Италија.

Селдин бил бебе, кога неговите родители Алисан и Сумеја Салиу, од родното Требиште се преселиле во гратчето Фелтре, во северниот дел на Италија.

Со освојувањето на шампионската титула, талентираниот лизгач си обезбеди учество на натпревари во уметничко лизгање од елитен ранг.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена