Гостивар
Портпаролот на СВР Тетово, Јосифоски: Неприлагодена брзина најчест прекршок и причина за несреќи
Во деветте месеци од оваа година на подрачјето на СВР Тетово изготвени се вкупно 15.511 барања за поведување на прекршочна постапка (Тетово-11.663 и Гостивар-3.878) за откриени најразлични видови сообраќајни прекршоци или скоро два и пол пати повеќе барања во споредба со истиот период лани, извести полицијата.
Поради утврдени недостатоци, во редовни, акциски или други контроли од сообраќај биле исклучени 3527 возачи (ТЕ-2911 и ГВ-616), како и 1694 возила (ТЕ-1362 и ГВ-332). Во периодот за кој станува збор времено се одземени 565 возачки дозволи (ТЕ-503 и ГВ-62), а од сообраќај биле исклучени и 338 „алкохолизирани“ возачи (ТЕ-271 и ГВ-67).
„Инаку, најчест сообраќаен прекршок во изминатите девет месеци на ова подрачје повторно била неприлагодена брзина според условите на патот, вкупно 4.536, од кои на тетовското подраје 3.719, а на гостиварското 817. Потоа следува непочитување првенство на минување, во Тетово-46 и Гостивар-219, управување под дејство на алкохол (Тетово-234 и Гостивар-22), кои всушност биле и најчестите причини за случените сообраќајни несреќи и пред се за оние со потешки последици.“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот