Гостивар
Гостиварката Ева Дејановска освои Гран При на Детските Рацинови средби
Младата гостиварка Ева Дејановска продолжува да реди успеси на полето на литературата. Деветтоодделенката се закити со највисокото признание – Гран При награда на Детските Рацинови средби, манифестација што се одржа по 54 пат во Велес, а се организира во чест на Кочо Рацин. Творбата на Ева на литературниот конкурс на тема „Детските сништа во мугрите“, жирито ја прогласи како најдобра во конкуренција на над 120 песни. Гостиварката е ученичка во основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“, а овој успех го постигна под менторство на наставничката Виолета Танеска.
Минатиот месец Дејановска освои Гран При награда на Меѓународната поетска манифестација „Пролет на сребрените соништа“, а во април годинава нејзината песна беше првонаградена на конкурс од Министерството за образование, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
Со пишаниот збор Ева другарува од својата седма година. Освен веќе наведените признанија, добитник е и на: Признание за творба на литературниот конкурс Творам за Македонија (Меморијален центар фондација- Никола Кљусев, Скопје, 2016 год.), I награда за расказ на поетската манифестација Млади творци, 2017, III награда за песна на поетската манифестација Млади творци, 2017, II награда на конкурс по повод Денот на големите просветители, Св.Кирил и Методиј, 24 мај,(Академија Еуроарт-Штип, 2017), III награда на литературниот конкурс во рамки на Вело Родео Турнеја, 2019 итн.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот