Македонија
Кампања на ЗНМ и ОБСЕ за промоција на етичките и професионалните стандарди во медиумите
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и ОБСЕ спроведуваат кампања за промоција на етичките и професионалните стандарди во медиумите.
Кампањата, која е на три јазици, македонски, албански и англиски, како што соопштија од ЗНМ, има за цел да придонесе кон зголемување на безбедноста на новинарите онлајн и офлајн, да се намали бројот на заканите и нападите кон новинарите и медиумските работници во земјава.
Исто така, целта е да се зголеми јавната свест кај пошироката јавност за штетните ефекти од вербалните напади како што е говорот на омраза и секако да се крене свеста за физичките напади.
Идејата е преку видеата да се потсети јавноста да избегнува родово насочени навреди и да се илустрира важноста на улогата на професионалното новинарство во едно демократско општество и да се стави акцент на слободниот пристап до информации кој е од клучно значење за јавноста.
Првото видео со наслов „Медиуми, слобода на говор и демократија“ зборува токму за начинот како да се стигне до бараната информација.
Второто видео ги обработува предизвиците со кои се соочуваат новинарите во обид да ја информираат јавноста, односно во ера на зголемена дигитализација и брз проток на информации, предизвикот е вистинската вест да исплива на површина во морето од шпекулации и непроверени вести.
Третото видео зборува за тоа дека безбедноста на новинарите е клучна во обезбедувањето пристап до информации.
Кампањата е дел од проектот „Промовирање на заштита на новинарите и на етички и професионални стандарди во медиумите“ кој е реализиран со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ќе биде активна во следните 15 дена на дигиталните медиуми во Северна Македонија. Видеата се бесплатни за преземање и објава од страна на медиумите со цел дополнително да се придонесе кон кревање на свеста кај граѓаните, посочуваат од ЗНМ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот