Поврзи се со нас

Македонија

Разликата во придонесите на минималецот ќе ги покрие МТСП, Лукаревска ја појаснува постапката

Објавено

на

Во април работодавачите треба да исплатат повисока мартовска плата во минимален износ од 18.000 денари. Министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека минималната плата од март ќе изнесува 18.000 денари за вработените и во приватниот и во јавниот сектор.

,,Дополнително ова се случува во услови на здравствена и енергетска криза, што уште појасно ја покажува нашата определба како Влада за раст на платите во земјава. Ова е системско решение, кое е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, а со кое преку утврдена методологија минималната плата ќе биде заштитена од инфлација и поврзана со порастот на продуктивноста на трудот. Државата има партнерски однос со стопанството и имајќи ја предвид целокупната тековна состојба, во Буџетот се издвоени 16 милиони евра за субвенционирање на делот на придонесите за зголемување на минималната плата”- истакна Бесими”.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска информира дека разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата, ќе ја исплаќа Министерството за труд и социјална политика.

,,Постапката е едноставна, односно работодавачот во месечната пресметка за интегрирана наплата за оние лица за коишто ќе бара обезбедување на финансиска помош од државата ги означува со посебна шифра на која што работиме во моментот во УЈП и благовремено ќе известиме за сите соодветни поединости. УЈП во рок од 30 дена после исплатената плата ќе доставува извештај од обработени податоци до МТСП од каде ќе се врши исплатата на финансиската помош на работодавачите. Финансиска помош ќе се исплати на оние работодавачи што ги исполнуваат следниве услови: работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице со минимална плата; да има статус на активен обврзник, односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење, и да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош“. – истакна Лукаревска

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена