Поврзи се со нас

Гостивар

Одбележан Денот на Ромите во Гостивар, ромското знаме трајно на јарболот

Објавено

на

На пригодна свеченост, со подигнување на ромското знаме на јарболот пред општината, и во Гостивар денес беше одбележан, 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Согласно одлуката донесена од Советот на Општина Гостивар, ромското знаме има службена употреба и останува истакнато заедно со останатите знамиња.

„Денес е ден кога треба да ги тргнеме сите бариери кои ни стојат на патот за подобра интеграција на ромската заедница, само заеднички со Македонци, Албанци, Турци и други, можеме да го направиме животот подобар и полесен за живеење“, рече во своето обраќање, советникот во гостиварскиот совет од ДСР Фирдаус Ајдари.

На свеченоста во Гостивар присуствуваше и Амбасадорот на Индија во Бугарија, со надлежност за Македонија, Санџај Рана, кој имаше краток поздравен говор, со честитка упатена до ромскиот народ.

Градоначалникот Арбен Таравари во обраќањето истакна дека е особено горд што во негов мандат во Гостивар се официјализираше употребата на турското и на ромското знаме.

„Горд сум што уште две знамиња ги кренавме во Гостивар. Во првиот мандат, турското знаме и во вториот-ромското. Да бидам искрен, кога прв пат го ставивме во прес центарот ромското знаме, некако и јас како да бев уплашен од реакциите на јавноста. Но, уште истиот ден ми се јавија неколку Амбасадори на европски држави и рекоа: навистина покажавте дека град сте којшто заслужува да биде пример за сите. Полека, полека мислам дека процентите во Гостивар веќе не важат, сите сме исти и ние сме пример како треба да функционира едно мултиетничко општетсво“, рече Таравари.

На одбележувањето пред присутните се обратија и лидерот на ДСР, Шабан Салиу и претседателот на партискиот огранок во Гостивар, Кашмир Салиу.

8 април е прогласен за Меѓународен ден на Ромите во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 3 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 4 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 5 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 6 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 8 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 9 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 9 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 11 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена