Гостивар
Промовирани нови кабинети во техничкото училиште во Гостивар

Учениците и професорите во средното техничко училиште во Гостивар добија нови пет опремени кабинети за поквалитетно изведување на наставниот процес. Се работи за кабинети по електро-техника, електро-механика, по ликовна уметност, и за јазици. По тој повод, училиштето денес го посети градоначалникот, Арбен Таравари.
„Посебно задоволство ми е да го посетам средното техничко училиште. Училиштата во Гостивар добиваат достоинствен изглед и може да речам дека со основните и средни училишта сме лидери во земјава, што ме прави особено горд. Овде промовираме пет нови кабинети, современо опремени, со смарт табли и се друго што им е потребно на професорите и учениците. Целото училиште има ново осветлување, направени се и други зафати, а се најавува и една инвестиција од 450.000 евра, што ќе се реализира наскоро.“, рече градоначалникот.
Директорот на училиштето Бесир Салиу се заблагодари на поддршката од општината, потврдувајќи дека и во наредниот период како управа ќе работат во подобрување на условите за настава.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022