Поврзи се со нас

Македонија

Битиќи: СОНК не им даде доволно шанса на преговорите

Објавено

на

Генералниот штрајк очигледно е почнат, за жал сметам дека не се даде доволно шанса  на преговорите од страна на СОНК. И покрај неколкуте обиди да преговараме, сепак повикаа на штрајк, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Утрински брифинг“.
Смета дека во одредени региони штрајкувањето е парцијално затоа што некаде самите градоначалници повикале воспитно-образовниот процес сепак да продолжи затоа што децата треба да бидат приоритет, а за сето друго, рече тој, се наоѓа решение на маса на преговори.
-Во Економско-социјалниот совет беа вклучени и СОНК и КСС, иако не се репрезентативни синдикати. На преговорите за минималната плата се договоривме дека усогласувањето ќе се врши во рок од шест месеци, но сепак, само три дена после тие најавија дека на 11 април ќе има штрајк, рече Битиќи.
Тој посочи дека за Владата е највисок приоритет подобрување на животниот стандард на граѓаните и дека покрај порастот на минималната плата, пораснала и просечната од 21.000 на 30.000 денари.
-Усогласувањето рековме дека ќе го има, но притоа мора сите да сме свесни за состојбите во кои се наоѓаме. Истовремено, исходот на преговорите за минимална плата имаше три резултати. Прво –  зголемена минимална плата, второ – консензус дека ќе има усогласување, дека за усогласувањето ќе се применува членот 8-А којшто дава период од шест месеци и сите чинители таму рекоа – да, го прифаќаме тој предлог, вклучително и СОНК и другите, и КСС и другите, рече Битиќи.
Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена