Гостивар
Невработените од Гостивар сакаат свој бизнис-Над 230 бараат државен грант
И оваа година во Центарот за вработување во Гостивар, за невработените најатрактивна мерка од државниот оперативен план е Самовработување со грант, односно добивање неповратни средства за отворање сопствен бизнис. Огласот беше објавен на 5 април и до денес аплицирале околу 240 лица.
„Оперативниот план за 2022 година усвоен од Влада на Република Северна Македонија веќе е почнат со реализација. Со мерката Самовработување со грант, секој невработен на кој ќе му биде одобрено барањето ќе добие 5.000 евра неповратни средства за опрема и репроматеријали. Рокот за пријавување е при крај. До сега аплицирале 238 лица, значи оваа мерка поттикнува најголем интерес кај невработените.“, информира Хисан Амзаи, директор на Центарот за вработување во Гостивар.
На државно ниво преку оваа мерка предвидени се околу 2.000 вработувања, од кои 80 до 90 ќе бидат реализирани во Гостивар
Мерката Самовработување со грант обезбедува: – ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите; – неповратни средства (грант) во износ од 307.500 денари по корисник или до 615.000 денари доколку се основа правен субјект од два содружника како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица, при што секој од содружниците ќе има еднаков (50%) удел во друштвото.
Огласот е отворен до петок (15 април).
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот