Поврзи се со нас

Вести

Католиците го слават Велигден

Објавено

на

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија што ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. Тој им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита воскресната проповед.

– Исус со своето воскресение одговори на проблемот на страдањето, внесувајќи  нова светлина во светот и оживување на земните надежи со „големата надеж“ за вечен живот. Папата Бенедикт XVI, во својата енциклика Spe Salvi – Спасени преку надежта, вели: „Искупувањето ни е понудено во смисла дека ни е дадена надеж, сигурна надеж, преку која можеме да се справиме со сегашноста“. Тој вели дека препознатлива христијанска карактеристика е тоа што имаат иднина. Иако не се темелно запознаени со она што ги чека, знаат дека животот не им е залуден. Верувам дека сите ние, како и нашите браќа и сестри кои во овој миг се погодени од страданијата и сите маки се носени со оваа надеж, бидејќи „оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат“ (Исаија 40,31). Само гледајќи во воскреснатиот Христос можеме да го прифатиме сето она што ни го носи животот во времето во кое живееме. Ние христијаните живееме во светот и одиме во светлината на верата, иако понекогаш се среќаваме со темнината на неверувањето. Нашата вера се заснова на сведоштвата на оние што го виделе воскреснатиот Христос. Исто така, светот околу нас живее според верата што ние самите ја исповедаме и сведочиме со нашиот живот. Со таа вера ќе живеат генерации по нас. Носени од оваа вера и „големата надеж“ на вечниот живот, никогаш не смееме да се умориме да правиме добро и да сведочиме за Исус Христос, воскреснат од мртвите.“, рече епархот Киро Стојанов.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 14 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 16 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 18 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 21 час

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 23 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 23 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 1 ден

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 1 ден

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена