Поврзи се со нас

Гостивар

Во исчекување: Кој ќе добие клуч од социјалните станови во Гостивар?

Објавено

на

Социјалци, семејства со лица со посебни потреби, Роми и други ранливи категории од Гостивар се во исчекување на конечниот одговор: Ќе добијат ли стан во зградата за социјални домувања?. Огласот за конкурирање беше затворен пред еден месец, а според последните информации кои Gostivarpress.mk ги доби од Министерството за транспорт и врски, поднесени се 196 комплетни апликации, во тек е нивно прегледување, по што ќе следува прелиминарна распределба.

„Ве информираме дека пристигнати се 196 апликации. Во овој момент се врши евалуација и преглед на пристигнатите документи. Според постапката за распределба, потребно е најпрво да се изврши прелиминарна распределба, па потоа Комисијата излегува на терен и врши увид на фактичката состојба на апликантите.“, стои во одговорот од Министерството.

Додека кај лицата и семејствата кои поднеле барање расте неизвесноста, на процедурата сепак, не и‘ се гледа крајот во скоро време. На прашањето „Дали има временска рамка кога би се направила распределбата?“ , не добивме конкретен одговор.

Социјалната зграда се наоѓа на улицaта „ЈНА“, покрај Кејот на Вардар. Становите кои ќе се доделуваат се со површина од 33 до 44 метри квадратни.

Како што веќе пишувавме, и по распределбата становите ќе останат во сопственост на државата, а семејствата што ќе ги добијат ќе бидат само корисници.

После пет години институциите ќе извршат контрола и доколку семејството излегло од социјален ризик, станот ќе биде доделен на друго ранливо семејство. Тоа се прави со цел да се згрижат оние кои реално имаат потреба и да спречат обиди за манипулација, односно препродажба на становите.

Зградата беше изградена пред околу 3 години, а 70-те станови се‘ уште се празни.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена