Поврзи се со нас

Македонија

Анкета на ИПИС: 39,1% од испитаниците се за предвремени избори

Објавено

на

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска излезе со анкета за ставовите на граѓаните за нивната поддршка на политичките партии и политичарите, како и за одредени актуелни прашања во моментов. На прашањето дали Владата, предводена од СДСМ треба да остане на власт до крајот на мандатот во 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори, 39,1 отсто се определиле за предвремени избори, 32,5 проценти сметаат дека треба да остане на власт, а 28,4 отсто одговориле со „не знам“.

Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3  проценти, поради што сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 21,2 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 за СДСМ, 7,2 за ДУИ, 3,8 отсто би гласале за Алијанса за Албанците, 2,9 отсто за Левица, 1,5 отсто за БЕСА и еден процент за Алтернатива.За ниту една партија не би гласале 17,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 16,1, а одговор немале 12,8 отсто.

На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, 16, 2 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 8,7 отсто за Димитар Ковачевски, 6,4 отсто за Зоран Заев, 7,3 проценти за Али Ахмети. Од анкетираните 3,8 проценти имаат најголема доверба во Зијадин Села, 2,7 во Димитар Апасиев, 1,9 отсто во Билал Касами, еден отсто во Африм Гаши, а 1,4 проценти во Никола Груевски. Триесет и два отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 15,4 отсто, а 3,2 проценти се изјасниле за друг.

Во врска со тоа дали со формирање на новата Влада се надминала политичката криза во земјава, 27,9 одговориле „да“, 47,4 „не“, а 24,7 „не знам“.

ИПИС напоменува дека заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, бил креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна била спроведена анкетата, а истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок, кој бил стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 12 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 13 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 16 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 18 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 20 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 21 час

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 22 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 23 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена