Поврзи се со нас

Гостивар

Претставата „Разведи ме“ во понеделник премиерно во Гостивар

Објавено

на

Убава можност за уживање во театарската магија за публиката во Гостивар. Во понеделник на сцената на Центарот за култура „АСНОМ“ ќе се одржи премиера на романтичната комедија „Две нијанси црвено-Разведи ме“ во продукција на Театар провокација.

„Претставата на експлицитен начин, без непотребни цензури, се занимава  со причините што најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите што ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови за одредени прашања, кои многу често си ги поставувате сами на себе во дијалогот што го водите пред огледало. Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Дали треба безрезервно да му се верува на партнерот? Дали доколку постои неверство, мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор со кој ќе ги спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали по неверството сме засекогаш „оштетени“ луѓе кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат? Дали вреди да се продолжи бракот заради децата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа? Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности.“, посочуваат од Театар Провокација.

Во улогите на брачните партнери играат: Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од  БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото). Режијата, сценографијата и изборот на костими се на Роберт Ристов, а кореографијата на Марија Бејкова.

Претставата почнува во 20 часот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена