Гостивар
Избрани авторите од Гостивар од конкурсот „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови 2“
Тринаесет млади автори од гостиварскиот регион со свои песни ќе бидат застапени во тријазичната збирка поезија во рамки на проектот „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови 2“. Во книгата ќе се најдат стиховите на: Ева Дејановска, Бериника Арслани, Анастасија Лефкоска, Сумеја Алиу, Даница Среткоска, Сена Халити, Симона Филипоска, Елмин Елези, Рабиа Охрули, Марија Пандиловска, Нада Спасеска, Сумејје Луш и Тугба Зекири.
„Младите поети беа избрани преку конкурс, а нивната поезија обработува различни теми, гледишта на животот, внатрешни расположби, проблеми со кои се соочуваат младите, љубов, животни вредности итн. Во периодот што следува ќе се работи на препев на песните кои во збирката ќе бидат објавени на македонски, албански и на турски јазик, по што ќе следува техничка подготовка на книгата и печатење.“, информираат организаторите на проектот, Здружението за култура „КРИК 094“ Гостивар.
„Млади поетски пера-Стиховите градат мостови 2“ е проект кој беше избран за финансиска поддршка на јавен повик од Општина Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот