Поврзи се со нас

Спорт

У18: Македонските кошаркари ги стартуваа подготовките за Европското првенство

Објавено

на

Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска ги почна подготовките за настап на претстојното Европско првенство во „А“ дивизијата на кое противници и на избраниците на селекторот Тони Симиќ ќе им бидат селекциите на Франција, Израел и Велика Британија.

Првите неколку дена од подготовките ќе се реализираат во Скопје, во салата на СРЦ „Кале“, од 22-ри јуни подготовките продолжуваат во Маврово. Потоа, ќе следуваат контролни натпревари на домашен терен против Бугарија, Швајцарија и Црна Гора, а во програмата се и два подготвителни дуели против Хрватска на гостински терен.

– Имавме некои други планови, но со оглед на тоа дека ФИБА донесе одлука која ја промовира нашата селекција во учесник на Европското првенство во „А“ Дивизијата, извесно е дека мораше да направиме и извесни промени во првичните скици за работа во овој летен период. Едноставно, ФИБА ни постави нови граници кои мора да ги стигнеме во деновите кои следуваат, изјави селекторот Симиќ за официјалниот сајт на Кошаркарската федерација.

– Сметам дека со одигрувањето на овие осум-девет натпревари ќе бидеме во посакуваната форма за настап на шампионатот во Турција, додаде Симиќ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена