Поврзи се со нас

Спорт

ФК Арсими од Чегране оствари историски пласман во 2МФЛ

Објавено

на

Вчера во Скопје се одиграа последните два бараж натпревари од третите лиги по што се дознаа и последните патници во единствената 2МФЛ.

Екипата на Арсими од Чегране обезбеди историски прв настап во Втората лига откако во натпреварот игран на стадионот во Ѓорче Петров славеше со убедливи 4-1 над екипата на Овче Поле.

Третолигашот од Свети Николе успеа прв да дојде до водство, поведувајќи преку Нацев по катастрофалната грешка на противничкиот голман, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел се сменија улогите, во 53 минута преку Елмази чегранци го израмнија резултатот, за во 60 минута со голот на Џемаили поведат и 2-1, четири минути подоцна Ајрули погоди за 3-1, а Џемаили со својот втор гол во 83 минута го постави конечниот резултат 4-1.

Ова е најголем успех на фудбалскиот клуб Арсими од Чегране, во своето 50 годишно постоење, во сезоната 2022/2023 Општина Гостивар ќе има двајца претставници во Втората фудбалска лига.

На вториот бараж натпревар, екипата на Караорман беше поуспешна по изведувањето на пеналите против Вардар Неготино и тимот од Струга слави пласман меѓу второлигашкото друштво.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена