Поврзи се со нас

Македонија

Османи: МНР официјално и препорача на Владата да го прифати предлогот на ЕУ

Објавено

на

Министерството за надворешни работи официјално и препорача на Владата дека треба да се прифати предлогот на Европската Унија, вклучувајќи го ставот на експертите, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Мислам дека разговорите денеска беа отворени транспарентни, се надеваме ќе го заокружиме брзо овој процес, истакна Османи во емисијата Топ Тема на Телма ТВ.

Додаде дека не смета оти овој предлог е идеален, но, како што рече, ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ.

– Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни. И за овој предлог мислам дека не е идеален, но дека ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ, рече Османи.

Министерот потсети оти бугарските позиции беа дека не треба да има македонски јазик во ЕУ и дека треба да има поглавје 35 во кое сите барања на Бугарија ќе бидат таму.

– Ние сега имаме рамка во која има чист македонски јазик кој станува официјален јазик на ЕУ без никакви додавки, квалификации. И со тоа после децении се завршува прашањето на македонскиот јазик. Мислам тоа е најголемата добивка, најголемиот успех. Најголемата победа на овој предлог е што засекогаш се затвори меѓународното оспорување на јазикот, рече Османи, додавајќи дека ова е можеби последниот воз за членство во ЕУ.

Османи посочи дека во делот на фундаменталните прашања во последниот предлог каде се патоказите по кои мора да одиме, единствено имало акциски план за човекови права кој, според него, апсолутно не е спорен и во кој Северна Македонија ќе дозволи почитување човекови права на сите етнички заедници, не само Бугарите. – Нема ништо спорно во тој дел, рече Османи.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 8 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 9 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 12 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 14 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 16 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 18 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 19 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена