Поврзи се со нас

Гостивар

Активни мерки во Гостивар: Потпишани над 140 договори за вработувања и за практиканство

Објавено

на

Повеќе од 140 невработени граѓани на гостиварското подрачје, изминатиот период работно се ангажирани преку владините активни мерки за вработување. Станува збор за мерките: субвенционирање на плати, поддршка на мали и средни претпријатија и практиканство.

Во делот на субвенции за плати, потпишани се договори за вработување на 60-тина лица во различни фирми. На сметките на компаниите ќе легнат средства за плати и придонеси за овие работници за период од една година.

„Средствата на фирмите им се исплаќаат еднократно за 12 месеци, по 19.000 денари месечно, за да се покријат платите и придонесите. Услов е работодавачот да го задржи лицето на работа уште 18 месеци, значи вкупно 30 месеци да биде на работа“, вели Хисен Амзаи, раководител на Центар за вработување во Гостивар.

Во мали и средни претпријатија преку мерката за поддршка се оствариле 17 вработувања. Висината на парите кои ги добиваат работодавачите со оваа мерка, зависи од возраста на ангажираните невработени лица.

„За вработување на лица до 29 годишна возраст фирмата добива 2.500 евра неповрати средства во опрема или репроматеријали. За лица над 29 години, износот на помошта е 1.500 евра, исто така во опрема или репроматеријали. И при оваа мерка, работодавачите имаат обврска да ги задржат лицата на работа, 12 односно 9 месеци“, вечи Амзаи.

Договори за практиканство се потпишани со 67 лица. Тие ќе посетуваат практична работа во период од три месеци, за кој државата ќе им исплаќа по 9.000 денари.

За сега, поради вонредната состојба со коронавирусот не се отворени други огласи за користење мерки за вработување.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 19 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена