Поврзи се со нас

Спорт

Амбициозниот ФК Гостивар пет натпревари без победа во ПМФЛ

Објавено

на

Викендов на фудбалските терени низ земјава се одигра 26. коло од Првата македонска фудбалска лига, во кое сите фаворити постигнаа лоши резултати, лидерот Струга ТЛ загуби од Вардар, последнопласираната Брегалница го совлада Шкупи, Шкендија не успеа да победи кај Македонија ЃП, продолжувајќи ја неизвесноста во првенството.

Фудбалерите на Гостивар во ова коло гостуваа во Кратово кај екипата на Силекс, одигрувајќи натпревар со многу шанси и на двете страни, но кој заврши без победник со резултат 0-0. За гостиварци кои доста амбициозно влегоа во најсилното фудбалско натпреварување во земјата, ова е петти натпревар по ред во кој не знаат за победа, минатото коло на домашен терен бодовите ги загубија од Македонија ЃП, нерешено одиграа и со Брегалница, Вардар и Воска Спорт, противници кои се распоредени на дното од табелата.

Струга Трим Лум, Шкупи и Шкендија се составите кои се издвоија на врвот на табелата во досегашниот дел од првенсвото и голема е веројатноста трката за титула до крај да се води помеѓу овие екипи. ФК Гостивар со 36 бодови се наоѓа на 6. позиција на табелата. Во борбата за опстанок најзагрозени се Македонија ЃП и Брегалница, но тесна е бодовната разлика дури до 7. позиција на табелата.

На веб-страницата на Фудбалската федерација на Македонија, не може да се најде официјална табела од ПМФЛ за сезоната 2023/2024.

До крајот остануваат да се одиграат уште 7 кола.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена