Македонија
Цената на струјата не треба да се зголеми, смета Бислимовски

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски соопшти дека е против сега да има зголемување на цената на електричната енергија.
Во гостување на „Топ тема“, Бислимоски рече дека не би можел да каже колку ќе биде цената на струјата во евра зашто тоа, напомена, е одлука на менаџментот на ЕСМ и на Владата.
Според него, ЕСМ треба да ја откупува произведената електрична енергија од новите фотоволтаици. Клучно е да се испрати сигнал дека купувањето електрична енергија по екстремно ниски цени и тоа како ќе биде добредојдено за да се релаксира ситуацијата во електроенергетскиот систем. Во овој контекст, Бислимоски укажа дека ЕСМ треба да го подобри производството од своите електрани, како лани, а следниот чекор што мора да го направи е да биде многу поактивна на пазарот на мало.
-Јас сум противник сега да има зголемување на цената на електричната енергија зашто се изградија многу фотоволтаици во државата. Од 1 јануари минатата година до сега има нови 256 мегавати обновливи изори приклучени на мрежа од кои 205 – 206 се фотоволтаици кои треба да ги искористиме. Во ред е да заработуваат, но ЕСМ треба да се вклучи активно и да ја откупува нивната произведена електрична енергија за да заштеди вода и јаглен и тоа да го искористиме во периодите кога ќе биде извесно дека цените на електрична енергија и природен гас ќе растат. Да си ги заштитиме домашните ресурси, хидрологијата е поволна. Да ги чуваме водата и јагленот за кога најмногу ќе ни треба. Претпоставувам дека менаџментот на ЕСМ и Владата прават анализи и калкулации, но не треба да има драстични пореметувања на цената на електричната енергија. Воведовме сериозна реформа во однос на тарифните блокови и тој тренд што го имаме треба да го искористиме. Испративме сигнал да се штеди со цел да обезбедиме и ЕСМ да произведува, но да има можност и да биде многу поактивен на пазарот на електрична енергија. Ние ќе испратиме сигнал и со воведувањето евитна тарифа, и до ЕСМ и до ЕВН Хоум – купувајте електрична енергија кога е најевтина, подвлече Бислимовски.
ЕСМ, оцени претседателот на РКЕ, од учеството на домашната Берза на електрична енергија, од купување и продавање во вистински момент, веќе остварува посериозни добивки и тоа е неговата иднина.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог