Поврзи се со нас

Вести

„Црвен Аларм“ од ООН за климата – Земјата се загрева, човештвото во опасност!

Објавено

на

Штетните последици од човечката активност врз климата на Земјата се „факт“, предупредија Обединетите нации во новата студија. Само со големи намалувања на емисиите и отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата, можеме да се надеваме дека ќе го запреме овој тренд.

Човечката активност ја менува климата на Земјата „без преседан“, а некои промени сега се неизбежни и „неповратни“, предупредија научниците.

Извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) на 3.500 страници е кулминација на децениската работа на еколозите ширум светот и наведува дека тековните емисии ќе ги надминат клучните температурни граници за само една деценија.

Во следните две децении, се предупредува, температурите најверојатно ќе пораснат за повеќе од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, прекршувајќи ги целите на Парискиот климатски договор од 2015 година, носејќи катастрофални последици и екстремни временски услови.

Авторите на студијата исто така покажаа дека до крајот на овој век не може да се исклучи зголемување на нивото на морето до два метра. Сепак, постои нова надеж дека сериозни намалувања на емисиите би можело да ги стабилизираат зголемените температури.

Факти од извештајот

  • Глобалната температура на површината на Земјата е повисока за 1,09 степени Целзиусови во деценијата 2011-2020 година, во споредба со 1850-1900 година.
  • Последните пет години се најтоплите во историјата од 1850 година.
  • Неодамнешната стапка на пораст на нивото на морето е скоро тројно зголемена во споредба со 1901-1971 година.
  • Човечкото влијание е „многу веројатно“ (90 проценти) главниот двигател на глобалното повлекување на глечерите од 1990 -тите и намалувањето на мразот на Арктикот.
  • „Речиси е сигурно“ дека топлотните екстреми, вклучувајќи ги и топлотните бранови, станаа почести и поинтензивни од 1950 -тите, додека студените екстреми станаа поретки и поблаги.

Пет последици за во иднина

  • Температурите ќе достигнат 1,5 Целзиусови над нивото од 1850-1900 до 2040 година, според сите сценарија за емисиите на штетни гасови.
  • Арктикот, барем еднаш пред 2050 година, ќе остане без мраз во септември, а потоа и почесто.
  • Ќе има зголемување на појавата на некои екстремни настани „без преседан во историјата“ дури и при затоплување до 1,5 степени Целзиусови.
  • Екстремните настани на нивото на морето што се случиле еднаш во векот во минатото, ќе се евидентираат најмалку еднаш годишно на повеќе од половина од локациите на плимаметарот.
  • Најверојатно ќе има зголемување на пожарите во многу региони.

Аларм за човештвото

Документот на IPCC води преку серија извештаи што ќе бидат објавени во наредните месеци и е прва голема проценка на науката за климатските промени од 2013 година.

„Денешниот извештај на Работната група 1 на IPCC е црвен аларм за човештвото“, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во изјавата.

Тој посочи дека прагот од 1,5 степени Целзиусови е „опасно близу“.

„Единствениот начин да се спречи надминување на овој праг е итно да ги засилиме нашите напори и да тргнеме по најамбициозниот пат“, рече Гутереш.

„Ако ги здружиме силите сега, можеме да избегнеме климатска катастрофа. Но, како што појаснува денешниот извештај, нема време за одложување и нема простор за изговори. Јас сметам на лидерите да осигураaт успех на планот COP26“, рече тој.

Човечкото влијание е недвосмислено

За разлика од претходните извештаи, новиот заклучува дека човечкото влијание врз климатската криза е „недвосмислено“ и потврдува дека веќе се случиле „широки и брзи промени“, од кои некои се неповратни.

„Човечкото влијание недвосмислено ја загреа атмосферата, океаните и земјата“, се вели во извештајот на IPCC.

Единг Хокинс, професор на Британскиот универзитет „Ридниг“, еден од авторите на студијата, рече дека научниците не можат да бидат појасни по тоа прашање.

– Тоа е факт, не можеме да бидеме побезбедни – недвосмислено и неспорно е дека луѓето ја загреваат планетата – рече тој.

Од 2018 година, кога панелот објави специјален извештај за значењето на прагот од 1,5 степени Целзиусови, штетните емисии продолжуваат со несмалено темпо, а глобалните температури се зголемија.

Неповратни промени

Дури и според најоптимистичкото сценарио на IPCC, во кое емисиите би почнале нагло да опаѓаат денес и ќе се намалат на нула до 2050 година, глобалните температури сепак ќе го надминат прагот од 1,5 степени.

Авторите на студијата велат дека глобалните температури пораснале побрзо од 1970 година отколку во кој било друг 50-годишен период во изминатите 2.000 години.

„Затоплувањето веќе влијае на многу временски и климатски екстреми во секој регион низ целиот свет“, се вели во студијата.

Без разлика дали станува збор за топлотни бранови, како неодамнешните во Грција и северозападна Америка, или поплави како во Германија и Кина, последната деценија „го зајакна нивното припишување на човечкото влијание“.

Океаните ќе продолжат да се загреваат и ќе станат покисели. Планините и поларните глечери ќе продолжат да се топат со децении или векови.

– Последиците ќе продолжат да се влошуваат … и за многумина од нив нема да има враќање – истакнува Хокинс.

Научниците направија веродостојни модели за различни нивоа на емисии. Не може да се исклучи зголемување на нивото на водите од два метра до крајот на овој век, како и зголемување од пет метри до 2150 година. Ваквите последици, иако се малку веројатни, ќе загрозат милиони луѓе во крајбрежните области до 2100 година.

Зголемување на температурата

Еден од клучните аспекти на извештајот е очекуваната стапка на пораст на температурата и појаснувањето што значи тоа за безбедноста на човештвото.

Речиси секоја нација на Земјата ги потпиша целите на Парискиот климатски договор во 2015 година. Договорот има за цел да ги одржува глобалните температури под 2 Целзиусови степени во овој век и да вложи напори тие да бидат под 1,5 степени.

Според сите разгледани сценарија за емисии, двете цели ќе бидат пропуштени во овој век, освен ако емисиите на јаглерод не се намалат значително. Авторите на студијата веруваат дека ќе го достигнеме прагот од 1,5 степени до 2040 година – според сите сценарија.

Ако емисиите не се прекинат во следните неколку години, ова ќе се случи уште порано. Ова беше предвидено во специјалниот извештај на IPCC 2018, а новата студија го потврдува тоа.

– Најдоброто сценарио ја става оваа прогноза за средината на 2034 година, но неизвесноста е голема и се движи меѓу сега и никогаш – вели професорот на Универзитетот во Мелбурн, Малта Мајнхаузен, еден од авторите на студијата.

Ендрју Вотсон, научник од Универзитетот во Ексетер, изјави дека моделите што се користат во извештајот не го вклучуваат ризикот од „помалку веројатни, но поголеми последици“, кои ќе станат поверојатни со зголемувањето на температурите на Земјата.

-Ова се настани како што се колапс на ледени плочи, ненадејни промени во океанските струи или катастрофални шумски пожари. Овие „познати непознаници“ се уште пострашни – посочи тој.

Што можеме да направиме?

Ако можеме да ги преполовиме глобалните емисии до 2030 година и да достигнеме нула до средината на овој век, ќе го запреме и можеби ќе го промениме зголемувањето на температурата, се надеваат научниците.

Намалувањето на нула подразбира намалување на емисиите на стакленички гасови со најчиста можна технологија, потоа прекин и апсорбирање на сите преостанати емисии на јаглерод, или негово апсорбирање со садење дрвја.

Самит во Глазгов

Новиот извештај на IPCC носи дополнителна тежина, бидејќи беше објавен помалку од три месеци пред клучниот климатски самит во Глазгов – познат како COP26 – на кој светските лидери се очекува да ја зголемат својата посветеност за намалување на емисиите.

Иако некои земји се обврзаа на поостри намалувања на емисиите на гасови во Договорот од Париз, многумина ги надминаа роковите и постои значителен јаз помеѓу ветувањата на лидерите и она што треба да се направи до 2030 година.

„Од научна перспектива, секој степен, дел од степен, дури и половина, е важен во однос на ограничувањето на последиците што ќе ги видиме во климатските промени“, изјави Ко Берет, поранешен потпретседател на IPCC.

Дејв Реј, директор на Институтот за климатски промени во Единбург, истакна дека светските лидери „мора да ги врежат во нивните умови наодите од овој извештај“ уште пред почетокот на конференцијата во ноември и да преземат итни мерки.

– Ова не е само уште еден научен извештај. Тоа се „пропаст и пекол“ напишани со големи букви – рече Реј.

Мајкл Брн, експерт за клима од Оксфорд, истакна дека новиот извештај е различен по тоа што „последиците од глобалното затоплување веќе не се во далечна иднина или во далечни делови на светот“.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 12 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 14 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 16 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 19 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 21 час

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 21 час

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 23 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 24 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена