Гостивар
Децата да читаат повеќе: Во Гостивар одбележан Светскиот ден на литературата за деца

Со повеќе активности и мини саем на книги за деца, денес во Гостивар се одбележа Меѓународниот ден на литературата за деца. Во Летниот Амфитеатар беа поставени штандови на кој можеа да се најдат популарни книги за деца, илустрирани енциклопедии, лектирни изданија и друго. Настанот беше наменет за учениците од гостиварските основни училишта, кои дојдоа организирано, во придружба на своите учителки и наставнички.
Одбележувањето го организираше општинскиот Сектор за образование.
„Целта е да ги поттикнеме и мотивираме децата повеќе да читаат и да ја сакаат литературата. Книгите кои ги имаме овде денес, се навистина интересни и го привлекуваат детското внимание.“, изјава Аслијан Снопче, раководител на Секторот за образование.
Дечињата кои присуствуваа на мини саемот во Гостивар, имаа можност да погледнат и куклена театарска претстава, рецитираа песни, се дружеа и забавуваа. Се одржа и квиз на знаење, со прашања врзани околу книгите и литературата. Децата кои беа најдобри на квизот, од општината беа наградени со книги.
Настанот доби поддршка од градоначалникот Арбен Таравари.
Втори април во светот се слави како Меѓународен ден на литературата за деца од 1967 година. Датумот е избран по роденденот на познатиот дански писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, кој ги има напишано едни од најубавите бајки „Грдото пајче“, „Принцезата на зрно грашок“, „Палешка“, „Царевото ново руво“ и други.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден