Македонија
Допрва ќе се одлучува дали ќе има целосен карантин за првомајскиот викенд

Во петок е 1-ви мај и според Законот за празници, неработен ден за сите граѓани. Дали споениот викенд ќе донесе и целосен карантин, се’ уште не се знае. Одлуката ќе биде донесена деновиве, врз основа на оценката на надлежните дали и колку граѓаните ги почитуваат мерките и препораките. Ова го најави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Ќе следиме какво ќе биде однесувањето на граѓаните деновиве, дали се почитуваат тие мерки за задолжителна дистанца, носење на маските кога не може да се одржи растојание и врз основа на тоа ќе донесеме одлука како ќе биде организиран следниот викенд“, изјави министерот.
Најдолгиот полициски час беше за велигденските празнувања и траеше траеше 85 часа.
Филипче, исто така најави дека ќе бара од Владата, казнувањето за неносење заштитна опрема на лицето да почне порано, уште на почетокот на неделава, а не од први мај, како што претходно беше предвидено, затоа што многу од граѓаните не ја почитуваат мерката и има групирања.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос