Поврзи се со нас

Вести

Еден куп продолжени викенди во 2018 година

Објавено

на

 

Министерството за труд и социјална политика ја објави Програмата за неработни денови за следната 2018-та година. Престојат повеќе продолжени викенди, но и празници кои се паѓаат во неработни денови.

Така Бадник се паѓа во сабота, Божиќ е во недела, но неработен ќе биде понеделникот. Празникот Водици е во ден петок, што значи ќе има продолжен викенд.

Велигден се слави во месец април, поточно на 8 април, а неработен ќе биде понеделникот (9 април). Заедно со неработниот Велики петок на 6 април, повторно има простор за продолжен викенд.

Во мај исто така ќе се одмара во подолг викенд. На 24 мај (четврток) нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден. Продожен викенд ќе има и на средината на јуни за Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани.

Проверете ја целосната листа на неработни денови за 2018 година

За сите граѓани на РМ
• 1 јануари (понеделник), Нова година
• 7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден
• 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 1 мај (вторник), Ден на трудот,
• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 2 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста
• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
• 6 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед
• 2 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена