Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Гоџи бобинки – богати со огромен број лековити и хранливи својства

Објавено

на

    Гоџи е „свето“ растение кое доаѓа од Тибет, а во народната медицина се користи повеќе од 6.000 години за одржување на доброто здравје и енергијата. Гоџи бобинките се богати со огромен број на лековити и хранливи својства, пред се антиоксиданти, па затоа се класифицирани како суперхрана.

    Што содржат гоџи бобинките?

    Гоџи бобинките содржат повеќе каротин од морковите, вклучувајќи бета каротин, но исто така и зеаксантин, криптоксантин, ликопен и лутеин, заедно со витамините Б1, Б2, Б6, Ц, А, Д и К. Тие исто така содржат бројни минерали, како што се цинк, селен , калиум, калциум, железо и магнезиум. Тие содржат најголем број на постоечки амино киселини, линолна и алфа-линоленска киселина и бета-ситостерол, кој влијае на добриот холестерол. Исто така, присутни се незаситени масни киселини, бетаситостерол и други фитостероли, сапонини, алкалоиди, протеини. Според својот состав спаѓа во намирниците кои имаат најсилни антиоксидантни својства.

    „Витамини за очи“

    Овие бобинки содржат високо ниво на зеаксантин, кој придонесува за подобро здравје на очите, поради што го добиваат прекарот „витамини за очи“. Резултатите од релевантни студии покажаа дека гоџи бобинките ги штитат ретиналните ганглиски клетки од глауком, пкао и дека некои постари луѓе кои ги консумирале секојдневно 90 дена имале поголема заштита од хипопигментација и макуларна дегенерација, што најчесто доведува до губење на видот во староста. Патем, макуларната дегенерација претставува влошување на жолтата дамка (макула), која е одговорна за централниот вид на очите и фокусирање на деталите.

    Го намалуваат нивото на шеќер во крвта

    Гоџи бобинките, покрај сите други корисни состојки, содржат и полисахариди, кои играат важна улога во регулирањето на покаченото ниво на шеќер во крвта. Треба да се напомене дека гоџи бобинките можат да имаат несакани ефекти кога се користат во комбинација со антидијабетични лекови, особено ако вашата шеќерот во крвта е веќе намален. Тие исто така можат да го намалат нивото на крвниот притисок.

    Го зајакнуваат имунолошкиот систем и штитат од рак

    Богатството на антиоксиданси, кои се клучни за градење имунитет, спречување на настинки и општата благосостојба на организмот е потврдено во студии спроведени на здрави луѓе. Антиоксидансите на гоџи бери можат да помогнат да се намали ризикот од некои сериозни хронични болести како што е ракот, но и невродегенеративни болести (Алцхајмерова и Паркинсонова болест). Тие всушност се борат, го намалуваат и поправаат оштетувањето на клетките предизвикани од воспаление и оксидативен стрес од слободните радикали и на тој начин ја спречуваат веројатноста за развој на канцероген тумор.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена