Вести
Гостиварската полиција рекордер во дарување на крв
Полициските службеници од Гостивар ја потврдија својата хуманост и подготвеност да помогнат во секој поглед. Во крводарителната акција која се спроведе денес се вклучија голем број вработени во Полициската станица, кои несебично даруваа дел од себе за да спасат нечиј живот.
Акцијата ја организираше Општинска организација на Црвениот Крст – Гостивар во соработка со службата за трансфузиологија.
„Во текот на годината во полицијата организираме акции четири пати и секогаш има голем одѕив. Очекуваме во денешната акција да се соберат шеесетина единици на крв. Нашиот апел до сите е: Дарувај крв-спаси живот“, изјави Бурхан Клинче, од Црвен Крст Гостивар.
Чуварите на редот и мирот во Гостивар се дел од крводарителското семејство години наназад. ПС Гостивар е рекордер меѓу полициските станици во крводарување.
Од почетокот на оваа година, во акции на гостиварскиот Црвен Крст собрани се околу 650 единици крв.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот