Гостивар
Инвестиција од 3 милиони евра во ХЕЦ Вруток за стабилност и намалување на загубите на вода
АД ЕСМ ќе вложи 3 милиони евра во хидроелектраната Вруток, за санација на водостанските шахти, најави при вчерашната посета на подружницата ХЕС ,,Маврово” во Гостивар, генералниот директор Васко Ковачевски. Со овој проект ќе се реши проблемот со загуба на вода, а се очекува зголемување на производство на струја за 17.520MWh на годишно ниво.
Ковачевски во обиколка на ХЕЦ „Вруток“ беше заедно со директорот на ХЕС „Маврово“, Ѓорѓи Божиновски.
„Со раководството на подружницата договоривме значаен проект, кој ќе придонесе за стабилност и функционост на оваа хидроелектрана, но и за намалување на загубите на вода, коишто на годишно ниво достигнуваат до финансиска загуба од речиси 700 илјади евра. Со оваа инвестиција оваа финансиска загуба, може да ја направиме да биде финансиска добивка. Исто така, во рамки на третата фаза ревитализација на хидроелектраните, влегува и проектот за репарација на турбоагрегатот на хидроелектраната Врбен со вредност од 3,2 милиони евра“, изјави Ковачевски.
Трите централи „Вруток“, „Равен” и „Врбен” годинава, до сега произвеле 370GWh, електрична енергија, што е надминување на годишниот план за 4%.
„Од увидот на лице место, но и од проектите може да констатираме дека оваа наша подружница е во одлична кондиција.“, истакна генералниот директор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград