Вести
Јавното обвинителство за несреќата во Гостивар: Арматурните шипки не биле соодветно обезбедени
По извршениот увид на местото на несреќата во која вчера загина гостиварец, Јавното обвинителство излезе со соопштение за настанот.
„Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило со кое управувал четириесет и осум годишен гостиварец и товарно моторно возило со кое се пренесувале градежни материјали, управувано од педесет и осум годишен жител на Гостивар. Во моментот на разминување на двете возила, дошло до лизгање на арматурни шипки што не биле соодветно обезбедени, при што една од нив влегла низ прозорецот на автомобилот нанесувајќи му повреда во глава на сега починатото лице.“, стои во соопштението.
Јавниот обвинител наредил обезбедување на снимки од околните камери, сообраќајно техничко вештачење на возилата, прибирање траги од лице место, како и анализа на крв и урина на возачот. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а возачот на камионот е задржан во ПС Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот