Поврзи се со нас

Македонија

Јули беше екстремно топол, со врнежи многу под просечните

Објавено

на

Многу топол до екстремно топол месец е генералната оценка за јули, кој се карактеризира со повисоки температури на воздухот и значително ниски количества на врнежи, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Највисока средна месечна температура е регистрирана во Гевгелија од 29,1 степен , а најниска во Лазарополе 17,5 степени.  Во Струмица, Скопје и Штип  се измерени 27 степени, во Тетово и Битола 25, во Прилеп 24, во Охрид и Крива Паланка 23, во Берово 21 и во Маврово 19 степени.

Според УХМР, споредено со многугодишните просечни вредности за јули за период 1981-2010, среднодневните температурите во јули 2021 се повисоки за еден до два степена.

Апсолутно највисоката температура на воздухот во земјава е измерена во Гевгелија на 29 јули – 43,3 степени, а апсолутно најниска во Лазарополе на 22 јули од 5,9 степени. Особено високи вредности на минималните температури се забележани во втората декада на јули. Апсолутните многугодишни екстремни вредности на температурата на воздухот не се надминати.

Од УХМР посочуваат дека кон крајот на јули нашата држава ја зафати топлотен бран што се почувствува на целата територија. Траењето на овој бран продолжи во почетокот на август и во просек изнесува 10-тина дена (од 26 јули до 5 август 2021). Кон средината на јули во Берово, како што се наведува, беше регистриран пократок топлотен бран во траење од шест 6дена (12-17 јули 2021).

Во Скопје се регистрирани 15 тропски ноќи, со што е надминат максималниот историски број (24-часовен период во кој температура на воздухот не е пониска од 20 степени). Меѓу повисоките вредности се забележани во Гевгелија 21 и во Штип 9 тропски ноќи.

Јули е трет најтопол месец во историјата на мерењата во Демир Капија (од 1951г.), Гевгелија (од 1951г.) и во Скопје (од 1978г). Иако во Европа јули е рангиран како втор најтопол, а на глобално ниво трет најтопол месец, на сите останати мерни места во Република Северна Македонија температурата на воздухот во јули не е во првите пет најтопли години.

Измерените количествата врнежи во јули 2021 беа многу под просечните. Најголемо количество на врнежи во месецот е измерено во Лазарополе 83,9 милиметри, а најмало во Струмица 0,4 милиметри. Во Маврово се измерени 76,7 милиметри, во Охрид 44,2, во Битола 53,4, во Прилеп 37,8, Крива Паланка 34,6, во Скопје 31,4, во Берово 3,3, во Штип 2,6 и во Гевгелија 1,1 милиметри.

-Првата декада беше екстремно сушна, освен во западниот дел на Републиката, каде што имаше нормални услови. Во втората декада нормални до екстремно влажни услови беа регистрирани во северозападниот дел, особено во планинските предели, додека во останатиот југоисточниот дел врнежите беа незначителни. Третата декада беше екстремно сушна на поголем дел од територијата. Споредено со многугодишните просечни вредности, измерените месечни суми на врнежи на сите мерни места се под просечните количества и тоа за два до три пати, а во југоисточниот дел врнежите беа незначителни, стои во соопштението од УХМР.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена