Поврзи се со нас

Деца Родители

Како да се одгледа неразгалено и интелигентно дете?

Објавено

на

Родителите обично малку доцна сфаќаат дека воспитуваат разгалено дете кое не ги слуша и не е свесно за последиците од своето однесување. Психолозите предупредуваат дека родителите, всушност, со своите грешки придонесуваат во тоа одгледување на разгалено дете.

Можеби една од најчестите грешки е непоставувањето цврсти граници. Имено, тоа е она кога родителите ќе му забранат на своето дете да направи нешто, но набргу потоа му попуштаат бидејќи нивното малечко има „склоност“ да ги турка тие поставени граници. Иако многу истражувања покажуваат дека на децата всушност им се допаѓаат границите, поради детскиот бес потоа, родителот има впечаток дека неговите граници не се најдобрата опција… И, токму тука возрасниот греши.

Стручните совети предупредуваат дека детето кое нема јасно поставени граници на своето однесување, вообичаено е разгалено и почнува да се однесува лошо, како на училиште, така и подоцна на работното место, бидејќи смета дека правилата не важат за него / неа.

Психолозите, исто така, велат дека детската интелигенција не е наследна, туку дека се наследува само диспозицијата, т.е. потенцијалот што треба „да се активира“. Како што објаснуваат стручњаците, родителите имаат најголема улога во раната стимулација, меѓутоа, бидејќи одредени работи можат значително и да го попречат развојот на интелигенцијата кај детето.

Меѓу тие грешки е претерувањето во помошта. Доколку родителот секогаш го исполнува секое барање на детето и му ги решава сите проблеми – на училиште, со другарчињата итн., на овој начин тој всушност го насочува своето малечко кон неуспех.

Оваа лоша навика кај детето го развива менталитетот на личност која никогаш не се залага за она што го сака, но и е многу непослушна и неодговорна. Ова е крајно опасно за неговата / нејзината иднина, бидејќи тие секогаш ќе бараат некој друг да им ги реши проблемите.

Наместо тоа, психолозите тврдат дека секое дете мора да преземе одговорност за своите постапки. Во спротивно, прекумерната заштита на родителот кон детето ќе ѝ нанесе само емоционална штета на личноста во развој, но и ќе го забави неговиот ментален раст.

Натаму, друга грешка што ја прават родителите, а којашто го забавува психичкиот развој на детската интелигенција е постојаното споредување со другите деца. Иако родителите знаат дека тоа не е добра навика, многу често сопственото дете го споредуваат со неговите врсници или браќата и сестрите.

Според психолозите, споредувањето на детето со врсниците е лоша навика на родител бидејќи детето така почнува да чувствува дека не е доволно добро за да биде сакано или згрижено, од разни и различни причини. Тоа го зголемува и чувството на љубомора, особено кај тинејџерите, а подоцна станува дел од нивниот идентитет на конфликтен човек кој ги критикува сите што се снаоѓаат подобро од него / неа.

Тука е и опасноста за развој на комплекс на помала вредност, при што детето би можело да изгуби интерес за самостојно вршење на работите и така да се забави развојот на интелигенцијата на самото дете.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена