Поврзи се со нас

Гостивар

Ќе се бришат каматите, а долговите за вода, парно, даноци ќе се плаќаат на 12 рати…

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев во вчерашната дебата на седницата во Парламентот за пратенички прашања ги соопшти планирањата за петтиот пакет економски антикризни мерки.

„Мерките се структурирани како мерки кон граѓаните, мерки кон работниците односно стопанството и мерки кон сиромашните, па потоа се таргетирани категории коишто се директно најпогодени. Има размислување да се помогне на сите граѓани. Мерката е да ги избришеме сите камати по долгови, коишто граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции, за долгови кои се постари од три месеци, под услов да си го регулираат на 12 рати долгот којшто го имаат. Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија. Целта ни е, не веднаш да го платат долгот, не можат веднаш, туку на 12 рати да склучат договори, но да ги избришеме комплетно каматите и со тоа да им олесниме. Имаме многу јавни претпријатија, државни и општински, коишто не може да ги наплатат и редовните сметки, заради тоа што ги книжат граѓаните како должници, а граѓаните не може и стари и нови сметки да плаќаат. Оттука намерата е да ги избришеме сите камати за долговите коишто се за физички лица, за граѓаните кои допираат до државните и општинските институции. Со законско решение тоа е можно“, рече Заев.

Претседателот на Владата најави и поддршка за економијата.

„Најмногу барања имаме за платата, 14.500 или 21.700, да продолжи, но дефинитивно постојат различни предуслови што ќе ги земеме предвид и ќе ги разгледаме во делот на платите. Ако помагаме за март, тој март треба да го споредиме со 2020 година, а тогаш беше почетокот на кризата, април сите знаеме лани што се случуваше. 2021 година очекуваме да биде рестарт, завршување на пандемијата и да се вратат во профит самите компании, кога ќе се вратат треба да модифицираме како да ги мотивираме во делот на нивната профитабилност, раст на обем на работа, нови работни места да отворат и слично и затоа ќе предложиме еден пакет преку Банката за поддршка на развојот, со грантова шема, да дадеме бескаматни кредити, каде што ќе поттикнеме да покажат позитивен успех на крајот на 2021 година. Тоа значи ако дадеме 10.000 евра грант ќе продуцираме да покажат позитивен успех во 2021, за да мотивираме развој и во државата и тие да бидат дополнително мотивирани, ако покажат посилен успех, ќе дадеме грант од 20, 30, 40% од самиот бескаматен кредит“, соопшти премиерот.

Тој најави и помош за во угостителската дејност, транспортот, на тутунарите, медиумите.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 14 минути

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 2 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 2 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 3 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 4 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 6 часа

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 7 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Македонијапред 18 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 19 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена