Вести
Кој е причинителот на цревната инфекција во Гостивар?
Надлежните медицински служби се уште вршат анализи и испитувања за да се утврди точната причина за зголемениот број на граѓани со цревна инфекција изминатите денови во Гостивар. Сите пациенти имале слични симптоми: повраќање, стомачни болки, температура, дијареа. Анализите на крвта укажувале на бактериска инфекција, но до сега кај ниеден пациент микробиолошки не е потврдено присуство на бактерија.
Центарот за јавно здравје изврши вонредна анализа на водата од градскиот водовод. Мострите се земени во вторникот, од пет мерни места. Резултатите стигнале денес и не покажуваат загаденост.
„Микробиолошки и физичко хемиски водата е исправна и според тоа за сега нема никаква основа да се забрани за пиење. За дополнителни подетални анализи испративме вода на испитување и во Институтот за јавно здравје во Скопје“, изјави д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена.
Од Управата на гостиварската болница велат дека од вчера состојбата се стабилизира и се намалува бројот на пациенти на инфективното одделение.
„Моментално има пад на бројот на пациенти. Се преземаат сите мерки за анализи и контроли за да се види за што се работи. Тоа што го знаеме е дека не е од храна и единствено заедничко за сите пациенти е водата на која се прават дополнителни анализи и се очекуваат резултати. Инаку, кај пациентите до сега не е изолирана никаква бактерија“, рече Гојарт Сулејмани, директор на општата болница во Гостивар.
Увид во состојбата денес вршат и екипи од Министерството за здравство и Државниот санитарен инспекторат.
Лекарска помош од инфектолог изминатите денови во Гостивар побарале околу 440 граѓани со цревна инфекција. Не е исклучена можноста и дека се работи за вирус. Во меѓувреме додека се трага по причинителот, лекарите имаат само општи препораки до граѓаните: одржување на хигиена, темелно миење на овошјето и зеленчукот, правилна подготовка и употреба на храната.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!