Поврзи се со нас

Гостивар

Музикотерапевтот Адеми од Гостивар преку звуци, песна и игра помага во развојот на децата со посебни потреби

Објавено

на

Професорот по музичко образованние во Основното музичко училиште „Енвер Стафаи“ во Гостивар Илир Адеми последниве години е посветен на имплементирање на музикотерапија, која многу позитивно делува врз развојот на децата со посебни потреби. До сега има спроведено повеќе работилници со музикотерапија, наменети за дечињата со аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа. Во тие сеанси децата развиваат комуникација преку звуци, песна, игра.

„Јас самиот како татко на девојче со посебни потреби увидов дека е важно да ја совладам оваа техника и метода, затоа што навистина музиката многу позитивно делува врз развојот на децата со посебни потреби, ги релаксира и ги смирува. Кај нас се‘ уште не е доволно развиена, но и малите чекори се значајни. Музикотерапијата во светот особено почнала да се развива после Втората светска војна, кога се користела во лекување на воените ветерани. Се увидело дека музиката навистина може да лечи, па се формирале и разни музикотерапевтски здруженија, а денес низ Универзитетите во Западна Европа веќе има и посебни програми кои ја изучуваат оваа метода“, вели Адеми.

Кога станува збор за спроведување ваков вид на техника, најчесто се работи во групи, но се прават и индивидуални сеанси. „Се‘ зависи од проценката и начинот на работа што го имплементира музикотерапевтот. Некои деца лесно прифаќаат и се вклопуваат во групи, сакаат социјализација, но има и такви на кои социјализацијата им е тешка, па со нив е најдобро да се работи индивидуално“, појаснува Адеми.

Работилниицте периодов се во мирување заради пандемијата, но кога ќе се создадат услови ќе започнат повторно да се организираат.

Професорот нагласува дека музикотерапијата не е само за деца со посебни потреби, туку може да помага и кај деца со потешкотии во учењето, кај хиперактивни деца и сл.

Научни истражувања го потврдуваат благотворното дејство на музичките инструменти врз конкретни човекови органи. Така на пример, харфата најмногу се користи во лекување на пциенти кои боледуваат од бронхитис и брохијална астма. Звиуцте на гитарата најчесто се препорачуваат во лекувањето на срцеви заболувања, додека пијаното за здрав желудник.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 10 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 11 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 12 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 13 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 14 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 16 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 17 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 17 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена