Поврзи се со нас

Македонија

На ден пред истекот на старите документи, предложени законски измени за пасошите и возачките дозволи

Објавено

на

Собранието да преземе итни чекори со цел да се надмине состојбата која произлезе од примената на Преспанскиот договор, односно проблемот кој се појави со возачките дозволи, побара претседателот на Парламентот Јован Митрески, на денешната координација со координаторите на пратеничките групи. И техничкиот премиер Талат Џафер од тетовско Селце најави дека ќе оди денеска во Собранието, и оти ќе се разгледуваат можностите за надминување на проблемите со употреба на возачките дозволи и пасошите чиј рок истекува вечер на полноќ согласно Преспанскиот договор. Според најавата на Џафери, можно е некаде да се интервенира со законска измена, а некаде со одлука на Владата.

„Секако дека размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме и соодветна одлука, имајќи предвид дека денеска треба да одам во Собранието поради други обврски. Секако веќе е искоординирано е да имаме заедничка средба, значи со Собранието, со пратениците и евентуални решенија да ги дефинираме како закон, а другиот дел од можните решенија преку одлука на Влада, она што е соодветно и можност да се спроведе и да се изведе, и да ги согледаме сите можности. Секако, работиме на тоа и ќе има соодветна одлука и решение за прашањето коешто се актуелно“, истакна Џафери.

Од Собрнието посочија дека Митрески на координацијата истакнал дека има најави дека пратеничките групи ќе достават различни предлози за законски измени, поради што нагласи дека пратеничките групи треба да дејствуваат координирано за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните, а кое во исто време нема да наштети на почитувањето на меѓународните правни акти кон кои како држава сме се обврзале.

Митрески најавил оти уште денеска ќе иницира состаноци со министрите за внатрешни работи, за финансии, за надворешни работи,  како и со првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

„Истовремено, претседателот на Собранието информираше дека ќе одржува ад хок состаноци со координаторите на пратеничките група  со цел заеднички да најдат решение за настанатата ситуација“, известуваат од законодавниот дом.

Митрески побарал од координаторите да ги информираат пратениците дека доколку е потребно ќе закаже итна собраниска седница во текот на денешниот ден.

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски на денешната прес-конференција соопшти дека утрово до Владата поднел законски измени на Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, по скратена постапка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овие законски измени утрово ги поднесе до архивата на Собранието и барање за свикување на итна седница за оваа прашање со потписи од 20 пратеници.

Тошковски објасни дека во законските измени треба пермутација на четири бројки во двата закони.

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на самите законски решенија се работи за измена на одредбите од двата закони коишто предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена, рече тој, ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период.

И пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, соопшти Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму“, рече Каевски.

И Демократскиот сојуз предлага преку измена на законите (Закон за лична карта, Закон за патни исправи и Закон за основите на безбедност на патниот сообраќај) да се продолжи рокот на важноста на личните документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), како и сообраќајните дозволи, сѐ со цел да не се блокира нормалното одвивање на животот на граѓаните и функционирањето на институциите.

На полноќ истекува преодниот период од пет години, односно одредбата од Договорот од Преспа, со која ќе престанат да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата. Шефот на дипломатијата Бујар Османи во петокот на брифинг за медиуми кажа дека граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист, кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва.

Договорот од Преспа стапи во сила на 12 февруари 2019 година со што важноста на пасошите со старото име истекува пет години подоцна, односно на 12 февруари годинава.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 6 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 7 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 10 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 12 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 14 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 16 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 17 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена