Вести
На подрачјето на општина Врапчиште ќе се прска против комарци
Општина Врапчиште распиша тендер за фирма која ќе спроведе дезинсекција на територијата на општината. Рокот за пријавување на заинтересираните фирми трае до понеделник, по што ќе следува постапката за избор на најповолниот понудувач.
Од локалната самоуправа на Врапчиште велат дека сите тендерски процедури ќе се завршат за две до три недели, кога и ќе се изврши прскањето против комарци и други штетни инсекти. За дезинсекција, општината ќе издвои 200 илјади денари од буџетот.
Прскањето против комарци е законска обврска на општините, со цел да се спречи размножување на ларвите, да се намали бројот на комарци и ризикот од појава на болести што ги пренесуваат овие инсекти.
Ризични места кои се сметаат за потенцијални легла, најповолни за развој и размножување на инсектите, опфаќаат локации кадешто има депонии, неисчистени канали, поплавени подрачја и слично.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот