Поврзи се со нас

Занимливости

НАСА работи на робот-куче за спасувања на Месечината

Објавено

на

    Мултидисциплинарен научен тим на НАСА веќе наголемо „ги подучува“ роботите „на четири нозе“ да се движат по месечевите кратери и други слични предизвикувачки површини.

    Како дел од истражувањето финансирано од американската вселенска агенција, стручњаци од повеќе универзитети и вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА уште од летото 2023 година тестираат тн. „робот-куче“ наречен „Спирит“ (Spirit). На последниот тест кај глечерот Палмер во Орегон, што траел пет дена, направата минала низ различни терени, па и низ снег врз карпести површини користејќи ги своите метални ногарки.

    „Роботот-куче“ мора да биде способен да открие што се случува кога е во интеракција со земјата и брзо и соодветно да ги приспособи своите стратегии за движење, изјави истражувачот Феифеи Кијан.

    „Спирит“ е тестиран од тим инженери, стручњаци од когнитивните науки, геолози и астрономи, како дел од проектот под назив „Legged Autonomous Surface Science in Analog Environments“ (ЛАССИЕ). Според истражувачите, тестот помогнал да се дознае повеќе за одликите на земјената површина и движењето по потешки терени. Се собраа сознанија и искуства коишто ќе се користат за „обука“ на роботи за на Месечината, другите планети и можеби на површини вон нашиот Сончев Систем.

    Кога стапалото на роботот ќе се лизне на мраз или ќе пропадне во мек снег, тоа нè инспирира да бараме нови начини и стратегии што ќе ги поместат границите на човековото знаење и ќе овозможат нова технологија. Учиме и стануваме подобри од воочените неуспеси, појасни Кијан.

    Тимот тврди дека роботот може „да чувствува“ кога оди на нерамни површини – слично како човек, како и кога земјата се поместува под неговите нозе.

    Под надзор на тимот, „Спирит“ ги подобрил своите способности за подвижност преку тестови на песочните плажи во Јужна Калифорнија, Националниот парк „Вајт Сендс“ во Ново Мексико (САД), планината Маунт Худ и други места.

    Тимот планира да развие повеќе роботи со четири нозе за мисиите, а НАСА обезбеди двегодишно финансирање од два милиони долари. Целта на тимот е да ѝ помогне на НАСА да распореди роботи на Месечината заради идна соработка во мисиите.

    За многумина најфасцинантниот аспект на истражувањето е способноста на „роботот-куче“ да се трансформира во мост, пирамида исл., што ќе му овозможи да спаси човек и на потежок терен.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварски театар ги подготвува претставите „Манијак“ и „Цилиндар“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена