Поврзи се со нас

Македонија

Од 416.614 вакцинирани лица во земјава со две дози, 167 се заразиле со ковид

Објавено

на

Од 416.614 лица кои се вакцинирани со две дози на вакцина против Ковид 19 заклучно со вчерашниот ден, вкупно 167 се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина. Само 11 од нив биле хоспитализирани, информираше денеска Министерството за здравство.

Според Министерството, ова е показател дека бројот на заразени од вакцинирани е многу мал, и потврдува дека вакцината е корисна и претставува единствен начин да се смени сликата зa пандемијата.

-Според последната анализа од 1 до 31 јули, регистрирани се вкупно 809 случаи на позитивни од тестирани за Ковид 19. Од нив, 82 лица се заразиле по поминати повеќе од 14 дена после вакцинација со втората доза. Ова укажува на фактот дека вакцината е ефикасна само кога се примени две дози и кога од примената втора доза има поминато повеќе од 14 дена, соопшти Министерството.

Оттаму посочуваат дека само 10 проценти од сите активни случаи во јули, се заразиле со ковид по примена втора доза.

Меѓу позитивните, има вакцинирани со Синофарм, Астра Зенека, Спутник В, Фајзер, а има и заразени кои се вакцинирале во странство со вакцината на Модерна.

Министерството апелира дека во овој период важно е граѓаните да покажат што поголем интерес за вакцинација и да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат во соопштение, само со колективен имунитет може да се спречи мутирањето на вирусот СарсКов 2 и неговото рапидно ширење.

-Во нашата земја се уште е доминантна британската варијанта на вирусот, но со оглед на брзото ширење на делта, како во светот така и во регионот, многу брзо истиот може да се прошири и кај нас, соопштија од Министерството.

Досега во земјава се детектирани 30 случаи на делта варијантата.

-Во државата има доволно вакцини, а сега на најбрз начин може да се дојде до термин за вакцинација. Во моментов за прва доза имаме 80.000 Синовак, 50.000 Aстра Зенека и 70.000 Фајзер, информираат од Министерството за здравство.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 3 часа

Зошто симптомите на настинка се влошуваат навечер?

Спортпред 4 часа

Висар Муслиу продолжува во белгиски Сент Труден

Гостиварпред 8 часа

На повидок решение за каналот за наводнување во Гостивар поради кој протестираа земјоделци

Македонијапред 9 часа

Какви мерки ќе преземе Владата за високите цени на храната ќе се знае деновиве

Гостиварпред 10 часа

Ќе се избираат пет судии во Основен суд Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Оглас за избор на 47 јавни обвинители од кои 2 во ОЈО Гостивар

Светпред 11 часа

УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции

Деца Родителипред 14 часа

Како да воспитате деца кои ќе сакаат да се дружат и да бидат блиски со вас кога ќе пораснат?

Спортпред 1 ден

Младите мечувалци од клубот „Витез“ од Гостивар успешни на Државното првенство

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена