Поврзи се со нас

Вести

Од денес журкање во кафулиња и ресторани може и внатре, но без музика во живо…свадби и веселби се уште се забранети

Објавено

на

Угостителските објекти веќе може да примаат гости и во внатрешноста, за разлика од претходно кога беше дозволено само во отворените тераси. Правилата, сепак остануваат строги и под протоколи за заштиота од коронавирус. Така, организирањето на прослави, како свадби, родендени и слично останува забрането, а исто така не смее да се прават и забави со музика во живо.

Во продолжение прочитајте ги целосно протоколите.

Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана

  1. Вработените во угостителскиот објект кои послу-жуваат задолжително носат заштитни маски и зачесте-но одржуваат хигиена на раце.
  1. Се ограничува бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки.
  1. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
  1. Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Од редено одговорно лице пред влезот на угости-телскиот објект.
  1. Во просторот за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2m со соседните маси во сите правци.
  1. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
  1. На една маса со четири столици може да се по-служуваат четири лица доколку се од исто семејство.
  1. Дозволен е максимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5m.
  1. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
  1. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.
  1. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребри-шување на масите со средство за дезинфекција кое де-лува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.
  1. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на ви-руси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% бе-лило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително во-дење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  1. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
  1. Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.) во отворен и затворен дел од објектот.
  2. Забрането организирање на музички настани во отворен и затворен дел од објектот.

 

Протокол за отворање и работа на кафетерии

  1. Вработените во угостителскиот објект кои послу-жуваат задолжително носат заштитни маски и зачесте-но одржуваат хигиена на раце.
  1. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат.
  1. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
  1. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угос-тителскиот објект.
  1. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2m со соседните маси во сите правци.
  1. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.
  1. На една маса со четири столици може да се по-служуваат четири лица доколку се од исто семејство.
  1. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
  1. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци.
  1. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжи-телно пребришување на масите со средство за дезин-фекција кое делува на вируси според упатство од про-изводителот, по заминување на секоја тура на гости.
  1. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на ви-руси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  1. Редовно одржување на тоалетите со задолжи-телно водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  1. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
  1. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.) во отворен и затворен дел од објектот.
  1. Забрането организирање на музички настани во отворен и затворен дел од објектот.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 20 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 3 минути

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена