Поврзи се со нас

Македонија

Од следниот месец деветвалентна ХПВ вакцина, ќе биде достапна и за момчиња

Објавено

на

Осовременет е Календарот за редовна имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9 која ќе биде достапна за еден месец на вакциналните пунктови. Покрај тоа што преминуваме од четиривалентна на деветвалентна ХПВ вакцина, новина од оваа година е што ќе биде достапна и за момчињата, соопшти денеска на прес-конференција, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири.

Демири истакна дека со оваа вакцина ќе се понуди поквалитетна превенција од хуман папилома вирус (ХПВ) инфекции, за преканцерозни лезии, како за карцином на грлото на матката.

„Се работи за успех постигнат заедно со нашите меѓународни  партнери, усогласување на законската регулатива и следење на патот кон Европската Унија. Граѓаните на Европа и САД го имаат ова право веќе подолго години,  сега се овозможува и кај нас. Нова вакцина, која во светот веќе се користи подолго време. Со оваа вакцина ќе понудиме поквалитетна превенција за ХПВ инфекции, како и за преканцерозни лезии, како и за карцином на вратот на матката. Ова, според истражувањата во светот каде се аплицира вакцината со години и е намален бројот на случаи“, појасни министерот Демири.

Истакна дека е важно што оваа вакцина ќе биде достапна и за младите момчиња.

„Во рок од еден месец, во секој вакцинален пункт, ќе биде достапна за младите генерации за да бидат вакцинирани и побезбедни“, најави Демири.

Министерот  го нагласи ангажманот на Министерството, кое, како што истакна, се грижи за здравјето, пред се за превенцијата.

„За заболувања за кои има вакцини, треба секое дете да биде вакцинирано. Така ќе градиме посигурен здравствен систем. Подобро е да се спречи, отколку да се лечи“,  подвлече Демири.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена