Вести
Огромна поддршка – Гостивар деновиве живее во боите на ретките
Голем број граѓани, ученици, колективи, поединци се вклучија во кампањата за поддршка на лицата со ретки болести во Гостивар. Симболично ги обоија своите лица и објавија фотографии на социјалните мрежи во знак на подигнување на свеста за пациентите со ретки болести.
Кампањата се спроведува во пресрет на Денот на ретките болести, 28 февруари. Организатори во Гостивар се Јосиф Мишевски и Небојша Петрески, кој ги изработува фотографиите во своето студио.
„Ова е прв пат во Гостивар да се одбележи Денот на ретките болести. Многу сме задоволни од поддршката на гостиварци и се надеваме дека со ова ќе се придонесе да се слушне гласот на луѓето со ретка болест, за нивните потреби и предизвици“, велат организаторите.
Кампањата ја поддржа и градоначалникот Арбен Таравари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот