Македонија
Општина Маврово Ростуше: Превозниците да достават листа на патници, сите лица кои доаѓаат од ризичните земји да се самоизолираат

Локалниот совет за превенција при Општина Маврово и Ростуше одржа седница на која беа донесени повеќе заклучоци поврзани со превенција од коронавирус:
„Да се почитуваат препораките од Владата на РСМ и Министерство за здравство кои се споделени на истава ФБ страница во предходната објава. Сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните земји (Италија, Германија идр) да се само изолираат во период од 14 дена, и телефонски да ги известат своите матични доктори или Здравствениот дом во Ростуше, давајќи информации за нивната здравствена состојба. Агенциите кои превезуваат патници од високоризичните земји да достават листа на патници кои допатувале од ризичните подрачја во периодот од 01. 03. 2020 година до општината, и истата редовно да се ажурира. Се препорачува граѓаните од нашата општина да се воздржат од непотребни патувања надвор од местото на живеење. Се препорачува на нашите граѓани да избегнуваат било какви посети по роднини и пријатели, помалку блиски контакти, поздравување со рака итн.“, информира општината.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година