Поврзи се со нас

Гостивар

Општината постави Инфо центар на плоштадот, ДУИ вели се попречува движењето на граѓаните

Објавено

на

Деновиве на градскиот плоштад во Гостивар се монтира привремен објект, во кој ќе биде сместен Туристички инфо центар. Проект го спроведува Општина Гостивар во соработка со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, а е финансиран од Министерството за локална самоуправа и швајцарската Агенција за развој и соработка.

„Во Туристичкиот инфо центар посетителите ќе можат да се запознаат со културното наследство, природните убавини, хотелските капацитети и слично на гостиварскиот регион. Се очекува центарот да биде пуштен во употреба наскоро, а тимот вработени ќе дели летоци и други промотивни материјали, како и потребни информации.“, соопштија од општината.

Од огранокот на ДУИ во Гостивар реагираа на поставувањето на Инфо центарот на плоштадот, потенцирајќи дека објектот го попречува движењето на граѓаните.

„Многу граѓани изразија загриженост заради поставување на објектот на плоштадот.  Демократската унија за интеграција во Гостивар го поддржува проектот како добра можност да се промовира Гостивар и неговата околина како туристичка дестинација, но локацијата е дискутабилна, бидејќи објектот се наоѓа на градскиот плоштад. Ваквиот чекор е направен без консултација со граѓаните на Гостивар, на кои им е одземено правото на користење на јавниот простор што им припаѓа. Со објектот се узурпира важен дел од градскиот плоштад. Градот Гостивар има идеални јавни места за оваа намена и тоа нема да влијае на јавниот простор на градскиот плоштад. Би било добро Инфо туристичкиот центар да се наоѓа на соодветно место каде притоа нема да го попречи слободното движење на граѓаните.“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Од општината пак нагласија дека проектот наишол на позитивен прием кај граѓаните.  „И покрај тенденциите на одредени кругови да го оцрнат овој проект, тој одлично се прифати од страна граѓаните на Гостивар и се оцени како многу умесен, особено поради фактот што Гостивар, познат како гостопримлив град, тоа ќе го докаже отсега понатаму и со суштинско информирање на посетителите за она што го нуди нашата општина. За поставување на привремениот објект, издадено е Одобрение под бр. 14-1629/2 од 08.01.2020 година, врз основа на претходна Одлука на Советот на општината која беше едногласно усвоена со 31 глас на советниците.“, рекоа општинските власти.

Туристичкиот инфо центар е проект вреден над 20.000 евра, во кој Општина Гостивар партиципира со обезбедување на просторот и тековните трошоци за вработените. Истиот ќе трае 5 години со можност за продолжување на подолг период.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена