Гостивар
По 2 часа дебата и политички закачки, едногласно усвоена Развојната програма на Гостивар за 2020-та година
Во Советот на Општина Гостивар за Развојната програма за 2020-та, денес се водеше двочасовна дебата, проследена со низа политички препирки.
Советниците од опозицијата реагираа дека Програмата е речиси иста како и ланската и обвинуваа дека општинската власт не реализира проекти. Од администрацијата и советничките групи на мнозиството пак, посочуваа дека Програмата е изработена според барањата и потребите на граѓаните и дека на терен се изведуваат работи во сите делови на општината.
„Би сакал градоначалникот да е присутен на седницата кога се дискутира за ваква важна работа, но гледаме дека го нема. Развојната Програма ви е иста, скоро како и минатата година, ги содржи истите проекти, тие беа предложени и лани и тоа значи дека не сте успеале да ги реализирате. Нашата советничка група, како и минатата година ќе ја поддржи Програмата, но даваме до знаење дека оваа власт две години се занимава само со нас, наместо да ги реализира проектите кои ги бараат граѓаните. Градоначалникот на фејсбук промовира некои проекти, а на терен не се гледа ништо.“, рече Шптим Џелили, од ДУИ.
На ваквите обвинувања одговори Бесим Догани, раководител на Канцеларијата за локален економски развој во општината.
„Равојната Програма не е ни на администрацијата, ни на градоначалникот, туку е продукт на граѓаните. Ние излегувавме на терен да ги сослушаме потребите и барањата на граѓаните, па се правеа финансиски проценки и оценки, за да може да се конкретизираат проектите. А колку општината работи, ќе се види на крајот од годината кога ќе имаме извештај за реализацијата на буџетот, се` друго што ќе се каже е само паушално.“, изјави Догани.
Координаторот на советничката група на СДСМ и НСДП, Зоран Ангелов, исто така искритикува дека Програмата е иста како ланската и даде неколку предлози за дополнување меѓу кои изградба на улица од населба Фазанерија до манастирот Преображение, отворање на бул. „Браќа Ѓиноски“, подобрување на водоснабдувањето во Фазанерија и Циглана, замена на резервоарите во Тумчевиште и Митрови Крсти, канализација во Млаки и други.
Следуваа повеќе коментари и реплицирања меѓу советниците од мнозинството и опозицијата, со доза на политички препукувања, за да на крај сите предлози и Програмата бидат едногласно усвоени.
Инаку, програма содржи 90-тина проекти за изградба и реконструкции на патната инфраструктура, водоводи и канализации, а предвидува и реновирања во речиси сите училишта. Опфаќа финансиската рамка од над 18 милиони евра, од кои општината ќе може да реализира од 2 до 3 милиони.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград