Поврзи се со нас

Гостивар

Подрачјето на Гостивар стигна до 36 активно заразени со коронавирус

Објавено

на

Последниот период се бележат нови случаи на коронавирус во гостиварскиот регион. Само изминатите два дена, Министерството за здравство потврди вкупно 14 новозаразени. Со ова, бројката на активно позитивни на подрачјето на Гостивар стигна до 36. Според податоците од Институтот за јавно здравје, по број на активно болни предничат Скопје со 171 и Тетово до 135, по нив следува Куманово со 59, а Гостивар е на четврто место.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека очигледно е оти нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Според него, многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус.

Во зависност од моменталната состојба, здравствените власти ќе разговараат за евентуални рестриктивни мерки, прво насочени кон оние кои не се вакцинирани. Постои можност да се оди по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории, поточно, да се бара задолжителна потврда за вакцинација.

– Овие мерки ќе важат за тие кои не се вакцинирани. Има мерки кои веројатно ќе продолжат да важат и понатаму, тоа се маските во затворен простор. Точно е дека можат да се заразат и луѓе кои се вакцинирани, меѓутоа вакцината штити од тешка форма на болеста и сериозно го намалува ризикот од смртен исход и тоа е суштината. Многу веројатно е дека ќе дојде и некоја следна мутација, а тоа не значи дека ние ќе живееме и треба да живееме со рестрикции, рече Филипче.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена