Гостивар
Поведена истрага за трговија со дрога и напад врз полицаец во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1.
„На 5 август, осомничениот од Скопје набавил наркотична дрога и се качил во такси возило со кое се упатил кон Гостивар со намера таму да ја препродаде. Во автомобилот дрогата ја држел во ќеса меѓу нозете на совозачкото седиште. Полициски службеници го запреле возилото и при прегледот пронашле 199,6 грама марихуана и 2,37 грама кокаин. При обидот да ја одземат дрогата и да го лишат од слобода, осомничениот дал активен отпор, ги нападнал и удрил двајцата полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди.“, соопшти ЈО.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година