Поврзи се со нас

Вести

Природа или лабораторија? Кој е виновникот за корона пандемијата? Еве што знаеме до сега…

Објавено

на

Теоријата дека корона вирусот „избегал“ од кинеска лабораторија периодов како да заживеа и е посилна од кога било досега. Се чини дека јавноста ќе го бара одговорот сѐ додека мистеријата не биде конечно решена, па повеќе светски лидери повикуваат на темелна истрага.

Во таа група спаѓаат претседателот на САД, Џо Бајден, водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, но и Тедрос Аданом Гебрехесус, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО).

Иако едномесечната истрага на СЗО во градот Вухан заклучи дека коронавирусот најверојатно преминал кај луѓето од животни, тимот не најде конечен доказ за таа теорија. Ниту, пак, можеше да исклучи излегување на вирусот од лабораторија.

Како своја забелешка, Тедрос во една прилика неодамна рече дека „не верува оти оваа проценка е доволно обемна“.

Неодамна пак, Фаучи за време на сослушувањето во Сенатот изјави дека „постои можност пандемијата да започнала поради лабораториски инцидент“. Скот Готлиб, поранешен шеф на Администрацијата за храна и лекови, рече дека има извесни докази за протекување од лабораторија, со што се согласи и Роберт Редфилд, поранешен директор на Центрите за контрола и превенција на болести.

На прес-конференцијата во средата, Бајден ѝ даде на американската разузнавачка заедница 90 дена да собере и анализира докази што го поддржуваат секое од двете сценарија, со надеж дека ќе се донесе „дефинитивен заклучок“ за потеклото на вирусот.

Еве што знаеме до сега за секоја од овие теори и доказите коишто ги има за нив.

Хипотеза за истекување од лабораторија

Осумнаесет научници од САД, Велика Британија, Канада и Швајцарија неодамна објавија писмо во кое се вели дека теоријата за лабораториско протекување останува одржлива и треба да се испита.

Прашањата за такво истекување генерално се вртат околу Институтот за вирусологија Вухан (ВИВ), инаку лабораторија со високо ниво на биолошка безбедност. Таму научниците ги истражуваат најопасните вируси досега познати на човештвото. Институтот може да се пофали со лабораторија со ниво на безбедност 4, една од само неколкуте десетици во светот.

Се сеќаваме дека токму Вухан е градот каде властите го пријавија првиот познат кластер на КОВИД-19.

Питер Бен Ембарек, научник на СЗО, специјалист за болести на животни, беше дел од тимот што го истражуваше институтот во јануари. Тој рече дека е очекувано да се шпекулира за некаква врска со Институтот, особено што тој  бил преселен на нова локација во почетокот на декември 2019 година и тоа  на само неколку километри од пазарот за морски плодови.

Првиот кластер на случаи со коронавируси во Вухан беше поврзан токму со пазарот.

„Дури и вработените во лабораторијата ни рекоа дека нивната прва реакција, кога слушнале за оваа болест, било: „Ова нешто излегло од нашите лаборатории“, пренесува Ембарек.

Но, откако ја испитаа таа можност, вработените во Институтот изјавија оти не пронашле докази дека примероците од новиот коронавирус ги имало во Институтот пред декември 2019 година. Записите прегледани од СЗО не укажуваат дека вируси тесно поврзани со новиот коронавирус имало во која било кинеска лабораторија пред тој период. Не биле откриени ниту вируси со чија комбинација можело да се создаде тој вирус. Сепак, тимот на Бен Ембарек нагласи дека не му бил даден целосен пристап до податоците на институтот во Вухан, односно дека не извршиле целосна ревизија.

Тимот на СЗО помина само неколку часови во институтот, што не е доволно да се прегледат сите датотеки, базите на податоци или примероците од  замрзнувачите. Затоа првиот човек на СЗО рече дека „не верува оти оваа проценка била доволно обемна“, па заедно со Фаучи и многу други бараат целосна истрага на лабораторијата.

Се знае дека членови на персоналот на ВИВ се разболеле со симптоми слични на КОВИД во ноември 2019 година. Извештајот обелоденет од „Волстрит журнал“ прецизира дека тројцата вработени отишле во болница повеќе од еден месец пред да се идентификуваат првите случаи со КОВИД-19 во Вухан. Во извештајот се вели дека симптомите на работниците биле „во согласност и со КОВИД-19 и со вообичаениот сезонски грип“.

Според вирусологот Марион Купманс, тимот на СЗО бил свесен дека некои вработени во ВИВ се разболеле есента 2019 година, но ги третирале како настинка, бидејќи примероците на крв земени од вработените пред пандемијата, биле негативни на антитела од коронавирус.

Коронавирусот е лесно пренослив меѓу луѓето

Потребно е одредено време нов вирус да се адаптира за да може лесно да се шири од човек на човек. Високоинфективната природа на коронавирусот експертите ја посочуваат како доказ дека тој би можело да е производ на некакво истражување во кое ја добил таа способност. Во лабораториите научниците може да ги прилагодат вирусите со цел да ги направат попреносливи или смртоносни, со цел да откријат како може да се запрат некои идни пандемии.

„Не верувам дека ова дошло од лилјак на човек и моментално стана еден од најинфективните вируси што ги познава човештвото“, вели за Си-Ен-Ен, Роберт Редфилд, поранешен шеф на американскиот Центар за контрола и превенција од заразни болести.

По ваквата констатација, Фаучи, истиот месец рече дека веројатно вирусот во Кина се ширел меѓу луѓето „под радарот“, што му овозможило „добро да се прилагоди пред да биде препознаен“.

Пред три години, американски официјални лица кои беа во посета на Вухан испратија неколку меморандуми до Стејт Департментот со предупредување за несоодветни безбедносни мерки во лабораторијата. Но, се чини дека Институтот во меѓувреме направил ригорозни промени, па овој пат тимот на СЗО беше задоволен од протоколите на лабораторијата.

Бен Ембарек рече дека ВИВ има „најсовремена лабораторија“, што е дел од причината неговиот тим да процени дека е „малку веројатно нешто да излезе од такво место“.

Сепак, во едно свое излагање, во февруари, тој потсети дека „во светот има многу примери за такви несреќи во минатото“.

Иако ваквите несреќи се ретки, има четири случаи на протекување на вирусот САРС од лабораториите во Тајван, Сингапур и Пекинг.

Научниците кои стојат зад неодамнешното писмо за теоријата на лабораториска несреќа, напишаа дека во извештајот на СЗО таа можност „не била разгледана балансирано“. Само четири од 313 страници на извештајот дискутираат докази за лабораториска несреќа.

Хипотеза за природен трансфер од животните

По истрагата во Вухан, тимот на СЗО утврди дека вирусот „најверојатно“ преминал од лилјаци на луѓе, преку посредник – животно, од фарма за диви животни. Овој вид на пренесување беше водечка теорија за време на пандемијата, пред сѐ затоа што 75 проценти од новите заразни болести доаѓаат од животни. Плус, генетскиот код на коронавирусот е многу сличен на оној на другите коронавируси пронајдени во лилјаците.

Еве ги доказите што ја поддржуваат оваа идеја.

СЗО заклучи дека „скок“ од животно на човек е „најверојатнa“ причина

– На југот на Кина, утврди СЗО, луѓето се во близок контакт со животни како што се куни, зајаци и ракуни, на фармите каде што се одгледуваат за прехрана. Сите овие видови може да бидат заразени со новиот вирус на короната, а секој контакт со заразено животно или со нивниот измет овозможува вирусот да се прошири на луѓето. Затоа, СЗО утврди дека ова е “најверојатното” потекло на пандемијата. Сепак, тимот испита 80.000 животни од 31 провинција низ Кина и не откри случаи на коронавирус. Кина затвори одредени фарми за диви животни во февруари минатата година, но  истражувачите од СЗО не добиле пристап до животните од овие фарми.

Лилјаците се чести резервоари на вирусот, а многу докази покажуваат сличности помеѓу САРС-КоВ-2 и коронавирусите пронајдени кај популациите на лилјаци. На пример, студија од мај 2020 година откри дека новиот корона вирус дели 97,1 процент од својот генетски код со корона вирусот, наречен RmIN02, кој е пронајден кај лилјаците во кинеската провинција Јунан помеѓу мај и октомври 2019 година.

Но, според првиот човек на СЗО, експертите на таа организација имале потешкотии во пристапот до податоците за инфекција со вирусот и примероците од крвта на пациентите од и околу Вухан, што исто така може да доведе до сомнеж во заклучоците на тимот.

Три четвртини од заразните болести доаѓаат од природата

Три од секои четири заразни болести што доаѓаат кај нас доаѓаат од други видови; овие патогени микроорганизми се познати како зоонозни болести.

Питер Дазак, еколог од „EcoHealth Alliance“, кој беше член на истражниот тим на СЗО изјави дека „од 1 до 7 милиони луѓе“ биле изложени на зоонозни вируси во Југоисточна Азија секоја година.

„Тоа е патеката. Многу е очигледно за сите нас кои работиме на терен. Вирусите и во моментов кружат во дивиот свет“, изјави претставникот на УС-Аид, Денис Керол минатата година за списанието „Наутилус“.

Според ова, би можело да се коментира дека во моментов не можеме да го негираме фактот дека Сарс-КоВ-2 потекнува од лабораторија. Но, не можеме да го исклучиме ниту фактот дека тој можел да премине од животно на човек. Можеме само да проценуваме што би било поверојатно.

Според ова, би можело да се коментира дека во моментов не можеме да го негираме фактот дека Сарс-КоВ-2 потекнува од лабораторија. Но, не можеме да го исклучиме ниту фактот дека тој можел да премине од животно на човек.

Ни преостанува можноста да процениме која од овие две теории би била поверојатна.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 2 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 16 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 17 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 18 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 20 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 21 час

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 22 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена